Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЗЛАТКО ПЕРИНСКИ

media-libraryq98pil9rlmd17eKi6OF

Перински: Владата и Министерството за локална самоуправа се посветени на обезбедување континуирана поддршка за сите општини

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, на покана на градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски, присуствуваше на Свечената академија „30 години Општина Новаци“, со која беше одбележан значајниот јубилеј на општината.Во своето обраќање, министерот упати честитки по повод 30-годишнината, нагласувајќи дека „Со својата работа, посветеност и визија, градоначалникот, Советот и општинската администрација ја создаваат иднината на општината и поставуваат темели за генерациите што доаѓаат“.Министерот посочи дека Владата и Министерството за локална самоуправа се посветени на обезбедување континуирана поддршка за сите општини, бидејќи силната локална самоуправа е основа за рамномерен развој на државата.Во рамки на посетата, министерот оствари средба со градоначалникот, членовите на Советот и општинската администрација, на која се разговараше за тековните активности и секојдневните предизвици со кои се соочува општината, како и за можностите за нивно надминување преку заедничка соработка и поддршка.На средбата беше истакната важноста од меѓуопштинската соработка, при што беше нагласено дека споделувањето на ресурси и заедничкото планирање претставуваат значаен инструмент, особено за помалите општини, за поефикасно справување со предизвиците и постигнување одржлив развој.Преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2025 година, во Општина Новаци се финансираат три проекти во вредност од 8.414.556 денари, додека пак преку Инрегег ИПА Програмата со Република Грција се имплементира Проектот TOUR-HUB – Дигитално унапредување на културното наследство и туризмот, во вредност од 342.542. евра.Владата преку двата јавни повика за Новаци одобри за финансирање два инфраструктурни проекти во вредност од 29.119.020 денари.Министерството за локална самоуправа и во наредниот период ќе продолжи активно да ги поддржува општините преку конкретни мерки, проекти и експертска поддршка, со цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и намалување на регионалните разлики.

Македонија | пред 5 часа

Нема фотографија

„Каде што срцето е дома“: Аеродром прв домаќин на серијата теренски посети на Министерството за локална самоуправа

Општина Аеродром денеска беше домаќин на првата од серијата посети на Министерството за локална самоуправа „Каде што срцето е дома“. Оваа иницијатива има за цел изворно запознавање со предизвиците и реалните потреби на локалните самоуправи и граѓаните, со фокус на изнаоѓање соодветни решенија за нивно надминување и поголем напредок. На посетата присуствуваа министерот Златко Перински, заменик министерот Ерџан Селими, в.д. градоначалникот Дејан Митески, претседателот на општинскиот Совет, Љупчо Ацковски и членови на Советот.Министерот Перински истакна дека како жител на Аеродром добро ги познава состојбите во Општината, а и свесен е за предизвиците и потребите на Општината и граѓаните.„Како најнаселена скопска општина, Аеродром има свои предности, но и недостатоци. Најголем предизвик е да се постигне баланс помеѓу растот и одржливиот развој, со цел да биде осигурано квалитетно секојдневие на граѓаните од сите аспекти. Сакам јавно да му оддадам признание на в.д. градоначалникот Митески кој во досегашното раководење со Општината успешно се справува со сите околности и да го охрабрам да продолжи посветено и со визија да работи во интерес на сите аеродромци кои верувам се горди што живеат во општина која реално исполнува високи стандарди. Заеднички можеме и верувам ќе постигнеме уште повеќе“, изјави министерот Перински.Во рамките на посетата се одржа отворена дискусија за планираните реформи на Законот за локална самоуправа, како и за актуелните проблеми со паркирање, загадување, урбанизација и безбедност во сообраќајот. Беа разгледани и иницијативи за промоција на алтернативни видови транспорт, поставување на паметни семафори, дигитализација на административни услуги и зголемување на зелените површини, со кои би се надминале дел од предизвиците за поквалитетно секојдневие на аеродромци.В.Д. градоначалникот Митески и претседателот на Советот, Ацковски, ја поздравија иницијативата за теренските посети на општините, планираната измена на Законот за локална самоуправа и потенцираа дека Општината и Советот, ќе продолжат да работат посветено во интерес на граѓаните.„Чест и задоволство ми е што нашата општина е прва во низата општини кои ќе се посетуваат како дел од „Каде што срцето е дома“. Владата и Министерството имаат голем слух за нас градоначалниците и нивната отвореност и подадена рака се од големо значење за Општината, односно за граѓаните и верувам дека соработката и поддршката ќе продолжи и во иднина, а и ние ќе продолжиме посветено да работиме во интерес на граѓаните кои ни ја дале довербата“, изјави в.д. градоначалникот Митески.Утре, во рамки на „Каде што срцето е дома“ во Општина Аеродром, министерот Перински ќе одржи средба со претставници на бизнис секторот и невладини организации, културни и спортски работници, а добредојдени се и сите граѓани кои имаат прашања, предлози и сугестии во насока на поголем напредок на Општината. Средбата ќе се одржи во 12 часот во ООУ „Љубен Лапе“.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања