Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Перински: Владата и Министерството за локална самоуправа се посветени на обезбедување континуирана поддршка за сите општини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Македонија
media-libraryq98pil9rlmd17eKi6OF

Министерот за локална самоуправа Златко Перински присуствуваше на Свечената академија „30 години Општина Новаци“, упатувајќи честитки и истакнувајќи ја улогата на локалната власт во градењето на иднината. Нагласи дека Владата ќе обезбедува континуирана поддршка за рамномерен развој. На средба со општинското раководство се разговараше за предизвици и за значењето на меѓуопштинската соработка. За Новаци се финансираат проекти: 8.414.556 ден. (3 проекти), TOUR-HUB 342.542 евра и 2 инфраструктурни проекти 29.119.020 ден.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, на покана на градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски, присуствуваше на Свечената академија „30 години Општина Новаци“, со која беше одбележан значајниот јубилеј на општината.

— реклама —

— реклама —

Во своето обраќање, министерот упати честитки по повод 30-годишнината, нагласувајќи дека „Со својата работа, посветеност и визија, градоначалникот, Советот и општинската администрација ја создаваат иднината на општината и поставуваат темели за генерациите што доаѓаат“.

— реклама —

Министерот посочи дека Владата и Министерството за локална самоуправа се посветени на обезбедување континуирана поддршка за сите општини, бидејќи силната локална самоуправа е основа за рамномерен развој на државата.

Во рамки на посетата, министерот оствари средба со градоначалникот, членовите на Советот и општинската администрација, на која се разговараше за тековните активности и секојдневните предизвици со кои се соочува општината, како и за можностите за нивно надминување преку заедничка соработка и поддршка.

На средбата беше истакната важноста од меѓуопштинската соработка, при што беше нагласено дека споделувањето на ресурси и заедничкото планирање претставуваат значаен инструмент, особено за помалите општини, за поефикасно справување со предизвиците и постигнување одржлив развој.

Преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2025 година, во Општина Новаци се финансираат три проекти во вредност од 8.414.556 денари, додека пак преку Инрегег ИПА Програмата со Република Грција се имплементира Проектот TOUR-HUB – Дигитално унапредување на културното наследство и туризмот, во вредност од 342.542. евра.

Владата преку двата јавни повика за Новаци одобри за финансирање два инфраструктурни проекти во вредност од 29.119.020 денари.

Министерството за локална самоуправа и во наредниот период ќе продолжи активно да ги поддржува општините преку конкретни мерки, проекти и експертска поддршка, со цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и намалување на регионалните разлики.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Нема фотографија

„Каде што срцето е дома“: Аеродром прв домаќин на серијата теренски посети на Министерството за локална самоуправа

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања