Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Парализиран јавниот превоз: дел од автобусите на ЈСП не стигнуваат до крајните станици

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
media-libraryo5mjprjblclqeFWWRBD

Состојбата со врнежите од снег и патната инфраструктура до 09:00 часот покажува дека зимските услови и натаму влијаат врз нормалното одвивање на сообраќајот и снабдувањето во повеќе делови од државата. Во Битолскиот регион, на територијата на Општина Крушево, регионалниот пат Крушево – Пуста Река, кој е пат од втор приоритет, е прооден исклучиво за теренски возила и за возила со соодветна зимска опрема, а надлежните служби најавуваат интервенција во претпладневните часови. Во Општина Демир Хисар, поради дефект на електричната мрежа, без електрична енергија се корисниците во селото Големо Илино, при што екипите на ЕВН се на терен и работат на санација на проблемот.

Во Охридскиот регион, во Општина Кичево, дел од патните правци кон планинските села сè уште се чистат од снег, а се очекува целосно расчистување во текот на денот. Во Штипскиот регион, на подрачјето на Општина Виница, на повисоките населени места е забележана појава на голомразица, поради што се апелира до возачите за зголемена внимателност и прилагодување на брзината. Во Кумановскиот регион, во Општина Ранковце, во текот на денешниот ден ќе се изведуваат активности за расчистување на патните правци кон селата Герман и Огут.

— реклама —

Во Скопскиот регион, од ЈСП Скопје информираат дека мал број автобуси од приградските линии не сообраќаат до крајните дестинации. Станува збор за линиите со броеви 11, 64, 74, 80 и 81, каде што сообраќајот е делумно редуциран поради условите на терен. Надлежните служби апелираат граѓаните редовно да се информираат и да ги почитуваат препораките за безбедно движење.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

JSP-avtobusi1-1-750x430

ЈСП воведува дополнителни линии за Саемот на книгата

Скопје | пред 14 часа

— реклама —
jsp-avtobus

ЈСП: Изменет режим на линиите 31 и 163 поради реконструкција во Кисела Вода

Македонија | пред 5 дена

jsp-avtobus

ЈСП: Автобусите сообраќаат по зимски возен ред, дел со изменета траса

Скопје | пред 6 дена

jsp-avtobus

Јавниот превоз и Жичницата ќе сообраќаат по неделен возен ред за Велигден

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања