Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Партијата на Максим: Во СДСМ владее паника, членството масовно се прелева кон нашето движење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryqs8lm10glap46Z6cw9N

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија со загриженост реагираше по брифингот на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го за деструктивна реторика, бегање од суштински дијалог и фокусираност исклучиво на зачувување на партиската позиција.

Од ЗНАМ оценуваат дека, иако Филипче јавно зборува за европската интеграција на Македонија, неговите настапи покажуваат дека приоритет му е личната и партиската фотелја, а не државните интереси. Според движењето, СДСМ, наместо да биде конструктивна опозиција што нуди решенија и аргументирани дебати за иднината на државата, сè почесто користи „вулгарен и уличен вокабулар“, со што се оддалечува од вистинскиот политички дијалог.

— реклама —

ЗНАМ тврди дека токму ваквото однесување довело до, како што го нарекуваат, „историски трансфер“ на разочарани членови од СДСМ кон нивното движење – луѓе кои, според нив, бараат реформски, конструктивен и државнички пристап. Во таа насока, од ЗНАМ велат дека раководството на СДСМ е во состојба на паника, обидувајќи се да ја зачува партиската структура и личните позиции.

Во реакцијата се поставува и прашањето дали настапите на Филипче се најава за, како што наведуваат, „пат кон Дубаи со златни визи“, алудирајќи дека личните интереси се ставени пред државните. Од ЗНАМ сметаат дека неговото одбивање да учествува во разговори за клучни реформски закони и државни прашања поврзани со европската агенда е јасен сигнал дека напредокот на државата не е негов приоритет.

— реклама —

Движењето потенцира дека токму реформите во правосудството, јавното обвинителство, безбедноста и слободата на изразување се теми што треба да бидат во фокусот на лидерските средби, бидејќи тие се дел од агендата за членство во Европската Унија и економска стабилност. Според ЗНАМ, Филипче нема навика за ваков тип државнички дијалог, потсетувајќи дека клучни одлуки како Преспанскиот договор и францускиот предлог биле носени зад затворени врати, без јавна дебата и без консензус.

Во реакцијата се упатуваат и сериозни обвинувања за, како што велат, системска заштита на Филипче од одговорност за низа случаи од минатото – од модуларните болници и тендерите во ЕСМ, до набавките на вакцини и трагедијата во Тетово. Од ЗНАМ тврдат дека тие случаи се дел од мрежа на партиска корупција која го штитела поранешното раководство.

За разлика од тоа, движењето наведува дека актуелната Влада ја води државата кон стабилност и европска интеграција, без корупциски скандали кои би ја нарушиле довербата на граѓаните. Како примери за минатото владеење на СДСМ, ги наведуваат аферите поврзани со поранешни функционери и бегалци од правдата, кои, според нив, ја довеле државата во стагнација.

На крајот, Движењето ЗНАМ за Наша Македонија го повикува Венко Филипче да престане, како што велат, да ја блокира реформската и европската агенда и да се насочи кон вистинските интереси на државата и граѓаните.

„Македонија заслужува лидери кои гледаат напред, градат консензус за реформите и европската иднина, а не лидери заробени во лични и партиски позиции“, порачуваат од ЗНАМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

vlada-2024-mickoski

СДСМ со закон: Двојно државјанство да не можат да имаат ниту министри, ниту вицепремиери – од моментов!

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-librarypf1ndbblej5ceh3XlCx

СДСМ: Не се создадени услови за укинување на техничката влада и мора да остане

Македонија | пред 1 час

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 20 часа

media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања