Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Пентагон: Нема американски војници во Иран, но не откриваме што следува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-librarymdcluv3pub9p1XeLRfK

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека во моментов нема распоредени американски војници на територијата на Иран, но одби да коментира за можните идни потези на Вашингтон.

Одговарајќи на прашање на новинар во Пентагон дали има „американски војници на територијата на Иран“, Хегсет кусо одговори дека нема, по што додаде дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп нема јавно да ги соопштува своите планови.

— реклама —

„Нема да навлегуваме во тоа што ќе направиме или нема да направиме. Погрешно е да се мисли дека треба однапред да му кажуваме на американскиот народ, но и на нашите непријатели, точно што ќе преземеме, колку долго и до каде ќе одиме“, изјави Хегсет.

Тој порача дека Трамп сака противниците на САД да знаат оти Вашингтон ќе оди „онолку далеку колку што е потребно“ за заштита на американските интереси, но без, како што рече, непромислени потези.

— реклама —

Министерот посочи дека за постигнување на целите не е нужно испраќање масовни копнени сили и долгорочно воено присуство, алудирајќи на претходните американски ангажмани во Ирак и Авганистан.

„Ќе бидеме решителни и подготвени. Работиме со месеци на планирање на ефектите што сакаме да ги постигнеме“, нагласи Хегсет, додавајќи дека САД нема однапред да ги откриваат своите воени планови.

„Зошто би му кажале на непријателот што ќе направиме? Се бориме за да победиме и да ги оствариме целите поставени од претседателот на Соединетите Држави. И тоа ќе го направиме без извинување“, заклучи американскиот министер за одбрана.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryeor02ilnqm4mbKZ17OP

(Видео) Иран заплени три товарни бродa во Ормутскиот теснец, меѓу екипажот и двајца хрватски државјани

Свет | пред 37 минути

— реклама —
media-libraryfr3jcfd14t0e6D9BLDC

Иран ги обвинува САД и Израел за последиците од војната

Свет | пред 1 час

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Свет | пред 14 часа

lopta-fudbal

Иран сепак ќе настапи на Светското првенство во САД

Спорт | пред 15 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања