Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Перински: Поставуваме темели на вистински промени – пофункционални општини и подобри услови за живот на сите граѓани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
perinski

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ и министерката за образование и наука Весна Јаневска учествуваше на денешната панел-дискусија „Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа“, организирана по повод една година од работата на Владата.

Министерството за локална самоуправа со години било ставено во сенка – без јасна улога и без вистинска поддршка, истакна Перински, но Владата одлучила да ја врати неговата суштинска мисија, тоа да биде мост помеѓу централната власт и општините и клучен двигател на рамномерниот регионален развој.

— реклама —

Во своето обраќање, министерот Перински посочи дека Министерството за локална самоуправа во изминатава една година посветено и со јасна визија пристапило кон анализа на затекнатите состојби на локално ниво, а притоа биле идентификувани сите пропусти, но и што е најважно, работеле на препознавање на потребите на граѓаните и општините. Како резултат на тоа, посочи Перински, Министерството реализираше и поддржи конкретни решенија кои директно веќе ги подобруваат условите за живот во локалните заедници од областа на транспортот, животната средина и енергетската ефикасност, до културата, спортот, образованието, туризмот и социјалната политика.

„Овие резултати се реализирани преку програмите за рамномерен регионален развој, за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и за зголемување на регионалната конкурентност, како и преку потпрограмата за инфраструктурни проекти во општините. Реалност станува и дигитализацијата на општинските услуги, со поставени јасни патокази за полесен пристап до услуги и зголемена отчетност на локалните власти. Посебно значајно е тоа што, по повеќе од две децении, Министерството иницираше суштински измени на Законот за локална самоуправ со цел унапредување на директната демократија и транспарентноста. Поставуваме темели на промени што ќе обезбедат подобро функционирање на системот на локалната самоуправа. Целта е јасна – пофункционални општини и позадоволни граѓани“, заклучи министерот Перински.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0r1iherp8ut0fP8p6qr

Перински од Вевчани: Здружување на општини е решение за ограничените административни капацитети на малите општини

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
media-libraryuanrjvt8tmdd0vQQ0uF

Перински: Старт на нов Интеррег проект „Зелено за добро“

Македонија | пред 1 месец

media-library3buhfgikii9ae0FHmGC

Перински: Македонија и Унгарија ги зајакнуваат врските во делот на регионалниот развој и ЕУ политиките

Македонија | пред 2 месеци

24072024_Perinski_1

Перински: Поддршка за локалниот потенцијал: Објавен повик за зголемување на регионалната конкурентност

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања