Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Перински:Со вакви искажани фрази Арсовска не заслужува повеќе да е градоначалник на градот Скопје, ја повикувам да си даде оставка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Screenshot-2022-09-12-at-12.43.41

Златко Перински, во своето гостување во вестите на Сител зборуваше за тендерот за пречистителна станица и потенцираше дека во ваков случај невозможно е да се влијае на исходот и е невозможно да се намести ваков тендер.

— реклама —

-Во проект кој што е финансиран од страна на европски банки, дел со кредитни линии, дел со грантови каде што се вклучени странски консултанти во фазите на евалуација и ефектите и исходите од фазите на евалуација ги одобрува или позитивно ги оценува носителот на кредитната линија во случајот Европска инвестициона банка е невозможно да се влијае на исходот и е невозможно да се намести, рече Перински.

— реклама —

Тој во текот на своето гостување посочи дека штом се докаже дека сето ова е невистино градоначалничката да смогне сила да си поднесе политичка одговорност т.е оставка.

— реклама —

-Навистина се смешни инсинуации кои што беа презентирани на неколку портали и од страна на градоначалничката во нејзиното вчерашно излагање. Мене ми е навистина жал што на овој начин се потруди, проба да моето изминато работење го оцрни, па затоа јас јавно сакам да ја повикам дали доколку овие изјави се докажат во идниот период дека се невистини, дали ќе смогне сила и храброст да им се извини на скопјани за искажаните невистини и дали ќе си поднесе политичка одговорност т.е оставка? Со вакви искажани фрази според моја проценка госпоѓата Данела Арсовска не заслужува повеќе да е градоначалник на градот Скопје, кажа Периснки.

Перински исто така порача дека никој до сега го нема оцрнете неговото име и презиме и дека ова работа ќе ја тера до крај.

- Јас во животот мој не сум дозволил никој да го оцрни моето име и презиме, јас ќе ја буткам работата до крај. Дополнително ме мотивира фактот што само 5 минута пред вчерашниот прес добив уште една комфирмација од Европската инвестиционата банка дека до сега процесот е кристално чист и нема ниту една дамка, така да тоа ми е дополнителен мотив за да докажам дека работите кои што градоначалничката ги сподели со јавноста се тотална невистина, додаде тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8m0naa6v0eud6XfH2h2

Јубилеј во Драчево: 55 години образование во ООУ „Кузман Шапкарев“

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryjbq16a5c83340onl1S7

Нови спортски содржини на кејот на Вардар: реконструирани терени и фитнес-зони на отворено

Скопје | пред 3 седмици

media-librarynp8j9mia7dps0VqfVKA

(Видео) Сообраќаен колапс во Скопје – возачи чекаат по 30 минути за да се поместат од место

Скопје | пред 1 месец

media-library60s2rbsetk9bfFSYMGj

Подземна со шест ленти и нови кружни текови во центарот на Скопје

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања