Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Пет лица од Скопје, Tетово, Охрид, Kичево и Велес уапсени за семејно насилство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 дена -

Македонија
media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

На 26.03.2026 се пријавени и евидентирани повеќе случаи на семејно насилство и физички пресметки во Скопје (Бит Пазар), тетовско, Охрид, кичевско и Велес, со употреба на тврди предмети и закани со остар предмет. Полицијата лишила од слобода повеќе лица, меѓу кои и 31-годишник во тетовско и 44-годишник во Охрид. Во Велес биле приведени татко и син кои се тепале под дејство на алкохол (3,62 и 1,31 промили). Случаите се документираат и ќе следат пријави.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

На 26.03.2026 околу 21:40 часот во СВР Скопје, 23-годишен маж пријави дека околу 19:30 часот во дворот од семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од неговиот татко С.М., неговиот чичко Б.М. и неговите братучеди С.М. и Ф.М., кои употребиле и тврди предмети.

— реклама —

На 26.03.2026 во 12:15 часот во тетовско село, полициски службеници од Полициското одделение Жеровјане го лишиле од слобода Ш.Б.(31), постапувајќи по претходна пријава дека околу 11:45 часот физички ја нападнал неговата 54-годишна мајка и нејзиниот сопруг, кој се обидел да ја заштити, при што им се заканил и со остар предмет.

— реклама —

На 26.03.2026 во 15:00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Н.С.(44) од охридско, постапувајќи по претходна пријава дека околу 13:30 часот во семејниот дом физички го нападнал неговиот 20-годишен син.

— реклама —

На 26.03.2026 во 16:20 часот во кичевско село, полициски службеници од ОВР Кичево ја лишија од слобода В.В. (51) од селото. Преходно, во семејниот дом, по кратка расправија, таа била физички нападната од нејзиниот 65-годишен сопруг, кој употребил и тврд предмет, а потоа таа му возвратила со истиот предмет и му нанела повреди.

На 26.03.2026 во 19:50 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишија од слобода 30-годишен велешанец и неговиот 58-годишен татко, постапувајќи по претходна пријава дека на ул.„Луј Пастер“ во Велес физички се пресметале. По преземени мерки било констатирано дека тие биле под дејство на алкохол, односно кај 30-годишникот биле измерени 3,62 промили алкохол во крвта, а кај неговиот татко биле измерени 1,31 промили алкохол во крвта.

Тие биле задржани во полициска станица и известен бил јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6t3i1sderu153qZVLGp

Акциска контрола на МВР: 43 санкционирани возачи за пречекорена брзина

Македонија | пред 55 минути

media-librarydjbok6g6h1b9ezkKqGJ

Уапсени осум возачи: шест биле без возачка, а двајца пијани

Македонија | пред 4 часа

policija-policaec-35-450x270-1

Тепачка во Карпош, кога полицијата интервенирала едно од лицата се заканувало кон службеник, па го привеле

Македонија | пред 6 часа

media-libraryet16s6jn6mqrdKXXpd4

Скопјанец ѝ се заканувал на мајка си, приведен

Скопје | пред 6 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања