Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Пет лица приведени за семејно насилство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

На 18 и 19.03.2026 полицијата лиши од слобода повеќе лица во Кичево, Тетово, Прилеп и Скопје по пријави за семејно насилство, закани и следење. Пријавени се физички напади врз сопруга, поранешна сопруга и сестра, како и присилно исфрлање од дом. Во Шуто Оризари е пријавено и одземање мобилен телефон со сила, а во Тетово закани по телефон и следење на девојка. Се преземаат мерки и по целосно документирање ќе следуваат соодветни пријави.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

— реклама —

На 18.03.2026 во 18:30 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Т.М.(33) од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 30-годишна сопруга.

— реклама —

На 18.03.2026 во 17:40 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.К.(30) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 30-годишна девојка дека одреден период ја следел на различни локации каде се движела и на нејзиното работно место и дека претходно истиот ден околу 15:00 часот ѝ се заканувал на телефон.

— реклама —

На 18.03.2026 во 17:30 часот во ОВР Прилеп, 38-годишна жителка на село од општина Долнени пријавила дека нејзиниот поранешен сопруг физички ја нападнал.

На 18.03.2026 во 23:25 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода Ф.А.(38) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнала нејзината 31-годишна сестра.

На 19.03.2026 во 02:00 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Д.(22) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата поранешна 22-годишна сопруга дека на 18.03.2026 околу 21:00 часот во продажен објект ѝ упатувал закани, а притоа со употреба на физичка сила ѝ го одзел мобилниот телефон.

На 18.03.2026 во 19:30 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.М.(59) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 45-годишна вонбрачна партнерка дека ја присилил да си оди од семејниот дом.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6t3i1sderu153qZVLGp

Акциска контрола на МВР: 43 санкционирани возачи за пречекорена брзина

Македонија | пред 2 часа

media-librarydjbok6g6h1b9ezkKqGJ

Уапсени осум возачи: шест биле без возачка, а двајца пијани

Македонија | пред 5 часа

policija-policaec-35-450x270-1

Тепачка во Карпош, кога полицијата интервенирала едно од лицата се заканувало кон службеник, па го привеле

Македонија | пред 7 часа

media-libraryet16s6jn6mqrdKXXpd4

Скопјанец ѝ се заканувал на мајка си, приведен

Скопје | пред 7 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања