Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Петар Огњеновиќ: Кога ќе видите сметка за струја знаете -РЕК е алка во бизнис шемата на Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-library2fo3d1bl9j60dcYLNbx

СДСМ обвини дека назначувањето на пензионерот Иван Куковски за директор на РЕК Битола е дел од бизнис-мрежа поврзана со премиерот Христијан Мицкоски во енергетиката. Според Петар Огњеновиќ, Куковски е близок до семејството на Мицкоски и бил советник на министерката Сања Божиновска. Тој истакна дека падот на домашното производство ја зголемува потребата од скап увоз и ги оптоварува граѓаните, посочувајќи загуби на ЕСМ над 200 милиони евра и реализација од околу 3.000 наместо 5.000 GWh. СДСМ тврди дека лица поврзани со истата мрежа се поставуваат на клучни позиции.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Назначувањето на пензионерот Иван Куковски за директор на РЕК Битола е уште една алка во бизнис мрежата на премиерот Христијан Мицкоски во енергетскиот сектор, обвинија од СДСМ.

— реклама —

На прес-конференција, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Петар Огњеновиќ, изјави дека антикорупцискиот тим на партијата континуирано ја открива, како што рече, мрежата на бизнис-интереси во енергетиката поврзани со Мицкоски.

— реклама —

Според Огњеновиќ, Иван Куковски е близок до семејството на Мицкоски и претходно бил советник на министерката за енергетика Сања Божиновска.

— реклама —

Тој обвини дека Мицкоски поставува свои луѓе на клучни позиции во енергетскиот сектор, кој, како што рече, е негов „омилен бизнис“.

Огњеновиќ нагласи дека РЕК Битола има клучна улога во производството на електрична енергија во државата, посочувајќи дека кога се произведува помалку струја мора да се увезува, а увозната електрична енергија е значително поскапа.

„Кога Македонија увезува струја – цената е многу повисока, а тоа на крај го плаќаат граѓаните“, рече Огњеновиќ.

Тој додаде дека во 2024 и 2025 година загубите на ЕСМ надминале 200 милиони евра. Според него, иако биле планирани околу 5.000 GWh производство на електрична енергија, реализирани биле околу 3.000 GWh.

„Ова е најлошото производство во историјата на Македонија“, рече Огњеновиќ, поставувајќи прашање дали ваквото потфрлање е случајно.

Тој наведе дека, покрај назначувањето на Куковски во РЕК Битола, во Развојната банка била поставена сопругата на партнер на Мицкоски во хидроцентрали, додека во Владата, според него, министерката Сања Божиновска е поврзана со компанијата Руднап груп.

Огњеновиќ истакна дека, според СДСМ, станува збор за една иста бизнис мрежа која се протега од офшор компании на Кипар, преку бизнисменот Адамовиќ, до поврзаности со „Руднап груп“.

„Сите блиски до оваа мрежа се поставуваат на клучни позиции во енергетиката. Сè е бизнис за Мицкоски, а најомилен му е бизнисот со струја“, изјави Огњеновиќ, додавајќи дека граѓаните, кога ќе добијат повисоки сметки за струја, ќе знаат зошто.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 8 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 12 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања