Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Петер Маѓар побара оставка од унгарскиот претседател Тамаш Шјулок

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Свет
media-libraryv0255g2l3rfp9V5zNvl

Лидерот на победничката партија „Тиса“ на неодамнешните избори, Петер Маѓар, побара оставка од унгарскиот претседател Тамаш Шјулок, оценувајќи дека тој треба да се повлече по формирањето на новата влада.

Маѓар, пред средбата во претседателската резиденција, изјави дека ќе му ја пренесе „волјата на унгарскиот народ“ дека шефот на државата треба да ја напушти функцијата откако ќе дојде до промена на власта. Тој додаде дека ќе го слушне ставот на претседателот, но повтори дека Шјулок, според него, „не може да го претставува единството на унгарската нација“ и не е способен да биде „морален компас и пример“ за граѓаните.

— реклама —

По средбата, Маѓар изјави дека го повикал претседателот доброволно да се повлече, предупредувајќи дека во спротивно ќе се пристапи кон уставни промени. Тој додаде дека Шјулок изразил подготвеност да ги разгледа неговите аргументи.

Според унгарските медиуми, на средбата било разговарано и за доделување мандат за состав на нова влада, како и за можноста парламентот да се состане на почетокот на мај, по што новата влада би можела да биде формирана во текот на истиот месец.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1inqppkbqmcq4usy8Jp

Мaѓар со порака до Нетанјаху: „Ако влезе во земјата – ќе биде уапсен“

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-library7k2l68qh265k6j6nMSU

Маѓар со тешки обвинувања: Орбан наводно му помагал на Фицо со мигранти

Свет | пред 6 дена

media-libraryv0255g2l3rfp9V5zNvl

Маѓар до Фидес: Нема да заборавиме што направивте, ќе го пожнеете тоа што сте го посеале

Свет | пред 6 дена

media-librarymq408sfbvekv546rBpL

Јудит Варга негира дека напишала книга за екс-сопругот Петер Маѓар

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања