Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Петрушевски: 2% доверба од народот и Судскиот совет уште молчи за Пајазит Пајазити

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_6201

,,2% доверба од народот и Судскиот совет уште молчи за Пајазит Пајазити, кој дозволи бегство, помилува поранешен функционер на ДУИ и ги ослободи насилниците од скопскиот аеродром.

— реклама —

Дали некој во правосудството има дилема зошто народот има 2% доверба?

— реклама —

Колкава треба да биде довербата кога институцијата која треба да ја гарантира независноста на судството се става во заштита на ДУИ и СДС?

— реклама —

Судскиот совет со денови го толерира Пајазит Пајазити, кој не само што овозможи да избега Блерим Рамадани, туку и условно го осуди Иџет Мемети кој призна поткуп, наместо да досуди затвор. Тоа е рамно на амнестија. Истиот Пајазити ги ослободи и насилниците од скопскиот аеродром и во целост е усогласен со политиките на ДУИ и СДС, наместо да суди по закон.

Пајазити одамна требаше да биде разрешен, ако Судскиот совет не беше под 100% влијание на ДУИ и СДС.

Член на истиот тој судски совет до не одамна беше и сега осудениот Наќе Георгиев, кој беше фатен во поткуп, кој го зел за да влијае друг судија да досуди помала казна за Боро Марлборо. А асистенција му вршел Иџет Мемети, заменик претседател на Советот на јавни обвинители. И како сега народот да му верува на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, кога тие што седат во него живи се фаќаат како земаат поткуп со цел да влијаат во постапки?

И наместо да преземат чекори кон подобрување. Имаме еден долг и непрекинат молк.

Уште еднаш повторуваме. Реформи во судството мора да има. А пред тоа институциите да си ја завршат работат и да почнат со санкционирање на Пајазит Пајазити, да го спасат оној рејтинг од 2%, ако не се стопил.”, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryfqq873h494sv0GNLK6o

Манасиевски: Филипче со 3,6% рејтинг, СДС на раб на статистичка грешка

Македонија | пред 45 минути

15102021_PVRSM_Zaev_poseta_TEC_Oslomej-3

СДСМ: „Лудилото нема крај – Заев работи за ВМРО?“

Македонија | пред 2 часа

media-libraryg9188ctes36g6QyiB6H

ВМРО-ДПМНЕ: Послушноста на Филипче кон Заев и фалименто соопштенијата на ПР-от на Башановиќ, го донесоа СДС до историски најслабиот рејтинг

Македонија | пред 4 часа

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 23 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања