Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Петрушевски: Договорот со САД за реципрочна трговија ја подобрува економијата на државата и ја унапредува нашата меѓународна позиција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryqfajl763e4gidmwjuXM

„Многу голем успех на нашата Влада и дипломатија пред се. После оној стратешки договор што го потпишавме со Обединетото Кралство, ова е втор сериозен договор на повидок којшто огромен бенефит ќе има и Македонија како држава затоа што ја позиционира на една сериозна мапа во светот, но и во самата заедничка изјава со Белата куќа пишува дека најстратешкиот партнер на САД во Балканот и во овој регион е Македонија, што многу значи за потенцијалните инвеститори, економската клима за државата, но и за меѓународната позиција на Македонија“, истакна Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.

— реклама —

Пратеникот Петрушевски се осврна на договорот со САД за реципрочна трговија кој ќе обезбеди тарифи не повисоки од 15%, а за одредени производи и индустрии и до 0%. Тој додаде дека продлабочувањето на стратешкото партнерство со САД ќе отвори нови економски перспективи за Македонија.

— реклама —

„Овој договор предвидува сериозни бенефиции пред се она коешто е најбитно за граѓаните дека имаме двојна добивка, односно производите коишто Америка ќе ги извезува во Македонија ќе бидат поевтини затоа што ќе нема царини и граѓаните ќе имаат поевтини производи“, рече пратеникот Петрушевски.

— реклама —

Петрушевски нагласи дека Владата има визија за подобрување на економијата на државата и ја унапредува нашата меѓународна позиција.

„Да резимираме, зборуваме дека како една малечка балканска земја успеваме да потпишеме сериозен договор со најсилната економија во светот, и тоа во меѓународни рамки значи многу за Македонија“, заклучи Петрушевски.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 10 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 15 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Македонија | пред 15 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања