Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Петрушевски: Претседателот Мицкоски направи идеален избор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

Она што морам да го истакнам е дека по вчерашните реакции на јавноста, на луѓето со кои што комуницирам е дека претседателот Мицкоски има направено идеален избор на носителите на листи. Тоа секако и народот ќе го каже и на избори, но она што како реакција го слушам и гледам преку социјалните мрежи и во комуникација со граѓаните не слушнавме некаква негативна реакција за било кој од кандидатите, Бране Петрушевски, пратеник во своето гостување на радио Лидер.

Тој во врска со носителите на листи говореше и за носителот на изборната единица 2, Владо Мисајловски за кој рече дека Мисајловски е човек со интегритет, со чесност, енергија за дејствување.

— реклама —

Во мојата изборна единица 2, Владо Мисајловски е потпретседател на партија и човек со кој соработувам од младинските години, човек со интегритет, со чесност што е најбитно во оваа лошо време/невреме, мотиватор, човек кој секогаш има енергија за дејствување и мислам дека еве вака нескромно да кажам дека најголемото изненадување очекуваме да го направиме во изборната единица 2, позитивно се разбира за ВМРО-ДПМНЕ, кажа Петрушевски.

Пратеникот Петрушевски се осврна и на тоа што двајца премиери досега се од СДС, Димитар Ковачевски и Оливер Спасовски и укажа дека од нив граѓаните на Куманово не виделе никаков бенефит.

— реклама —

Реално доколку ги прашате кумановци што добро виделе од тоа што двајца кумановци биле премиери, ќе ви кажат ништо, нема нешто бомбастично што се случило во Куманово или не знам да привлекле некаква инвестиција, некаков сериозен капитален инфраструктурен проект или да бил решен некаков проблем на Куманово. Така што бенефитот од ова што кумановци биле премиери го имале само они лично, пред се тука мислам на нивните лични сметки и на нивното лично богатење, порача Петрушевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryb766v9mr1t78dpbpJfe

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се занимава со избори во Унгарија наместо со домашната политика

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
media-libraryed42a0693cnfcp8YCsN

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја злоупотребува дипломатијата и шири лаги

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: огради се од Заев и посвети се на СДС

Македонија | пред 1 седмица

Madic-Tribina-SDSM

Аврамовска Мадиќ: За една година МВР од заштитник на граѓаните стана партиски инструмент на ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања