Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Петрушевски: СДС и ССМ ја губат поддршката, протестите се политички театар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
IMG_6201

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, обвини дека СДСМ и Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ја губат поддршката од граѓаните и дека нивните обиди за, како што рече, манипулација со работниците не успеваат.

— реклама —

Во изјава до јавноста, Петрушевски оцени дека протестот организиран од ССМ не бил автентичен израз на незадоволство на работниците, туку политички мотивиран настан.

— реклама —

„Наместо вистински работници, протестот беше предводен од раководства на локални ограноци на СДС, со партиски обележја во првите редови“, изјави Петрушевски.

— реклама —

Тој додаде дека, според него, слабата посетеност и, како што тврди, празните автобуси кои патувале кон Скопје, покажуваат дека протестот бил неуспешен.

Петрушевски упати критики и кон раководството на ССМ, наведувајќи дека синдикатот не ги застапува интересите на работниците, туку делува во корист на СДСМ.

„ССМ, предводено од Трендафилов, свесно работи во интерес на СДС, наместо да ги штити правата на работниците“, рече тој.

Според него, работниците сè повеќе се сомневаат во улогата на синдикатот и се прашуваат дали станува збор за вистинска синдикална организација или политичка структура.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека остануваат, како што велат, „вистински партнер на работниците“.

Од СДСМ и ССМ засега нема реакција на овие обвинувања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 8 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 12 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања