Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Петрушевски: СДСМ не може да има црвени линии, тоа е уште една лага како жицата од гитарата на Заев во која се колнеше

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library9kc3b6lu618pexEH32q

Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ жестоко ја критикуваше СДСМ и поранешниот министер за здравство Венко Филипче, обвинувајќи ги за, како што вели, лицемерна политика и заблудување на јавноста.

— реклама —

„СДСМ не може да има црвени линии, тоа е уште една лага, како жицата од гитарата на Заев во која се колнеше“, изјави Петрушевски.

— реклама —

Тој посочи дека или СДСМ и Филипче имаат „многу лош ПР“, или пак „мислат дека народот заборава кои се тие“.

— реклама —

„СДСМ е партијата чиј претходен претседател и ментор на Филипче, Зоран Заев, ветуваше дека ако го смени името, ќе му се скине жицата. Го смени името, а од жицата – ништо. Сега и Филипче си најде своја жица – ја нарекува црвени линии, а всушност се бонбона-бизниси за Бугарија, државата од каде со Заев вртат милиони, од адреси каде фирма има и тој самиот“, додаде Петрушевски.

Според него, Филипче со своите ставови испраќа порака до официјална Софија дека е „спремен на се“, што, како што тврди, народот го гледа и ќе знае да го санкционира.

„Никој не очекува од СДСМ и Венко национална политика, сите знаеме што се крие зад тоа. Затоа и ќе бидат казнети на овие избори со историски најслабиот резултат“, рече Петрушевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 8 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 12 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања