Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

По нападите на социјалните мрежи, Мицкоски со став за случајот Лукас

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library9kgobosvbjc1aPdMh5I

Премиерот Христијан Мицкоски, кој изминатиот викенд беше мета на критики и барања за извинување по приведувањето на српскиот пејач Аца Лукас во Кавадарци, изјави дека во моментот на интервенцијата воопшто не знаел дека случајот се случува. Тој нагласи дека законите се јасни и дека институциите ќе продолжат строго да го следат однесувањето на ваков тип естрадни изведувачи и нивните тимови.

— реклама —

„Јас и не знаев дека тоа се случило, да бидам искрен. Ми се јавија луѓето од Кабинетот да ме информираат, пред неколку дена мислам дека беше. Претпоставувам дека некој сака да ја пренесе естрадата што таму ја има – овде. Но мислам дека не треба да му се посветува многу внимание. Јасни се законите, јасни се правилата, секој мора да ги почитува. Многу строго и внимателно ќе го следиме однесувањето на ваков тип естрадни уметници и нивни менаџери“, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање на отворањето на Ресурсниот центар за поддршка на развојот на општините.

— реклама —

Аца Лукас беше приведен во петокот вечерта во заедничка институционална акција, при што беа утврдени повеќе неправилности околу организацијата и реализацијата на настапот. МВР соопшти дека пејачот настапувал без соодветна дозвола за работа, во локалот не се издавале фискални сметки, не се почитувал законот за забрана на пушење, а бил затекнат и далеку поголем број гости од дозволениот капацитет.

— реклама —

По приведувањето, менаџерот на Лукас и дел од неговите поддржувачи обвинија дека зад акцијата стои политичка мотивација и побараа премиерот и Владата да се извинат. Владата тоа го демантира.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 8 часа

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 12 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 19 часа

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања