Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) По три часа во затворот во Шутка, Артан Груби со комбе однесен на распит во Обвинителството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Настани
media-libraryftmqaukuqk6k2kXoNge
Скопје1.мк

По три часа во истражниот затвор „Скопје“ во Шутка, ексвицепремиерот Артан Груби е спроведен во ОЈО–Скопје на распит. Тој беше приведен на граница по враќање во земјата по повеќе од година, иако по него имало потерница и „стоп-листа“. Обвинителството го сомничи за „проневера во службата“ поврзана со одобрување набавка на ВЛТ-терминали за Државна лотарија. Можно е да му се предложи поблага мерка од притвор; судија ќе одлучи.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

По три часа поминати во истражниот затвор „Скопје“ во Шутка, ексвицепремиерот и поранешен министер Артан Груби е спроведен во Основното јавно обвинителство – Скопје на распит.

— реклама —

⚡Сите вести за случувањта со Артан Груби следете ги тука

— реклама —

Груби претходно беше приведен на граничен премин, откако сам се врати во земјава по повеќе од една година престој надвор од државата. По него беше распишана потерница, бидејќи ја напушти Македонија два дена пред поднесување на кривичната пријава, иако се наоѓал на таканаречена „стоп-листа“. Сепак, граничен полицаец му дозволил да ја премине границата.

— реклама —

Истрагата против него ја води скопското Обвинителство, а се однесува на сомнежи дека како раководител на владина седница го одобрил барањето на Државна лотарија за јавна набавка на ВЛТ-терминали, иако институцијата немала законско право самостојно да организира игри на среќа. Груби е осомничен за кривично дело „проневера во службата“.

Постапката беше отворена по одлуката на Стејт департмент на САД да го стави на „црната листа“, поради основани сомнежи за вмешаност во коруптивни дејствија и влијание врз судски предмети поврзани со поранешниот директор на тајните служби, Сашо Мијалков.

Со оглед дека истрагата е веќе завршена, а Груби сам се врати во земјата, можно е обвинителот да предложи поблага мерка од ефективниот притвор, како куќен притвор или други ограничувања. За тоа ќе одлучува судија на претходна постапка, кој ќе ја цени опасноста од бегство и можноста за влијание врз постапката.

Груби беше прв вицепремиер во владината коалиција на СДСМ и ДУИ и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, а во повеќе наврати ја водеше и Владата во отсуство на премиерот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarybl8dm9ud2j6na7HpA0p

Кривичниот суд му го продолжи куќниот притвор на Артан Груби

Македонија | пред 6 дена

media-librarylnhvjv0p7u36cQc6Vpt

Фрчкоски: Случајот со Груби е де факто и де јуре политички дил меѓу ВМРО и ДУИ

Свет | пред 1 месец

media-libraryrs75ttki7uc4fTvtE2b

Владејачката партија со обвинувања: СДС бега од одговорност во случајот „Груби“

Македонија | пред 1 месец

grubi5123

СДСМ: Со случајот за Груби се режира циркус, сè е однапред договорено

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања