Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Владејачката партија со обвинувања: СДС бега од одговорност во случајот „Груби“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryrs75ttki7uc4fTvtE2b

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДС дека молчи за случајот со Артан Груби и дека на седницата за пратенички прашања не отворила ниедно прашање, ниту го споменала неговото име. Според партијата, СДС во јавноста пласира „лаги и конструкции“, но во Собранието избегнува соочување со факти. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека молкот е индикативен и буди сомнежи, прашувајќи дали СДС стравува од можни искази и информации од Груби и од отворање прашања за одговорност на поранешни функционери. Ја споменува и изјавата на Јованка Тренчевска за можна одговорност и на негови поранешни колеги, барајќи транспарентност и одговорност.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДС дека молчи за случајот со Артан Груби и дека на седницата за пратенички прашања не отворила ниту едно прашање поврзано со него, ниту пак го споменала неговото име.

Од партијата тврдат дека СДС во јавноста пласира „лаги и конструкции“, но кога, како што велат, станува збор за конкретна одговорност и соочување со фактите во Собранието, следи целосен молк. „Молкот на СДС за Груби е индикативен и отвора сериозни сомнежи за причините за ваквото однесување“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Според владејачката партија, се поставува прашањето дали стравот од евентуални искази на Груби и од информации што би можеле да излезат во јавноста предизвикува паника во редовите на СДС. Во соопштението се прашува и дали поранешни функционери се загрижени од можноста да се отвори прашањето за нивната одговорност.

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДС во изминатите денови изнесувала различни тези за случајот, обидувајќи се, како што велат, да го заштити Груби, а на собраниската седница не покренала расправа по тоа прашање. Во соопштението се споменува и изјавата на потпретседателката на СДС, Јованка Тренчевска, која посочила дека за еден од случаите во кои се сомничи Груби, одговорност треба да имаат и негови поранешни колеги од Владата.

— реклама —

„Што знае Груби што Спасовски, Филипче и Зечевиќ се толку вознемирени?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека наместо политички калкулации и молк, потребни се транспарентност и одговорност.

Од партијата порачуваат дека секој кој сторил криминал мора да одговара и дека владеењето на правото и функционирањето на институциите се клучни за расчистување на случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryg0o62t6ufrm1fsCBLK2

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

Македонија | пред 13 часа

— реклама —
media-libraryb766v9mr1t78dpbpJfe

ВМРО-ДПМНЕ: Обидите за дискредитација нема да ја промени реалноста дека СДС се соочува со сопствениот политички крај, а ВМРО-ДПМНЕ ја гради иднината

Македонија | пред 14 часа

Screenshot-2024-12-11-202144

Стојаноска: „Ќе видиме кој навистина е за, а кој блефира околу двојното државјанство“

Македонија | пред 18 часа

media-libraryhrf77p58a3h8cbk83Qn

ВМРО-ДПМНЕ: Димитријевиќ се сретнал со Ружиќ – СДС работи со српската опозиција

Македонија | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања