Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

По хаосот, Вучиќ: Полицијата работеше професионално; Опозицијата: Брутална злоупотреба на сила

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
vucic-brnabic

По полноќ српската полиција упадна во зградата на Ректоратот на Универзитетот во Нови Сад, придружена од ректорот Дејан Мадиќ. Според сведоштва на студенти, професори и граѓани, присутните биле собрани во амфитеатарот каде што полицијата им наредила да останат со часови. Студентите објавија дека припадник на жандармеријата нападнал студент кој во живо пренесувал од местото на настанот и му го одзел телефонот. Утринава околу три часот присутните биле пуштени.

Полицијата претходно постави кордони околу Филозофскиот факултет и Факултетот за спорт и физичко образование, користејќи солзавец, шок-бомби и палки за да го растера протестот организиран под мотото „Србијо, дали се слушаме?“. Според Министерството за внатрешни работи, акцијата била потребна поради сознанија дека демонстрантите планирале напад врз полицијата.

— реклама —

Претседателот Александар Вучиќ по акцијата изјави дека полицијата постапила „строго професионално“, притоа најавувајќи дополнителни апсења. Тој соопшти дека биле повредени 11 полицајци и остро ги нападна европските политичари присутни на протестот, нарекувајќи ги „олош“.

Опозицијата жестоко реагираше. Милош Павловиќ од Националното движење на Србија потсети дека според Законот за високо образование полицијата нема право да влегува во факултети без сериозна закана за безбедност. Мариника Тепиќ од ССП го обвини Вучиќ дека „видно алкохолизиран“ ликувал на полициската бруталност, а партијата Србија Центар (СРЦЕ) оцени дека акцијата е „непотребна, брутална и злоупотреба на органите против мирни граѓани“.

— реклама —

Опозициските партии предупредија дека Нови Сад стана симбол на поделби и репресија, а невидениот степен на употреба на хемиски агенси и шок-бомби го нарекоа „намерно труење на граѓаните“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2ro9vqk25vo01oQmliL

Вучиќ и фон дер Лајен разговараа за европскиот пат на Србија

Свет | пред 14 часа

— реклама —
media-library4pds9h0ctsn8cPwbI1B

(Видео) Опозициски критики кон претседателот Вучиќ за односот со Русија

Свет | пред 18 часа

media-libraryomve0170hsuh7Rurym6

Уапсен 20-годишник, осомничен за учество во војната во Украина

Балкан | пред 19 часа

media-libraryo3atpber2kltbOhFQP9

Малолетник фрлил бомба во Крагуевац за 1.000 евра

Свет | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања