Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Поднесено е обвинение за убиството на Данка Илиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2024-04-07-at-13.20.14

Вишото јавно обвинителство Заечар поднесе обвинителен акт против Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, поради сомнение дека го убиле девојчето Данка Илиќ (2) во селото Бањско Поље кај Бор, дознава Нова.рс.

Обвинението е доставено до Вишиот суд пред неколку минути, дознава Нова.

— реклама —

Двајцата се обвинети дека со автомобил на јавното комунално претпријатие „Водовод“ удриле девојче, а потоа ја задавиле и ѝ го сокриле телото на позната локација.

Случајот на Данка Илиќ беше првпат во Србија да се активира системот „Најди ме“.

— реклама —

Данка Илиќ (2), девојче од Бор исчезнала во Бањско поле, каде со мајка и и брат дошла на имотот. Мајката на девојчето неколку моменти не обрнувала внимание, за да му даде вода на другото дете. Потрагата по неа траела речиси десет дена, а во неа учествувале припадници на МУП, волонтери, Планинарска спасувачка служба и многу други, но од девојчето немало ни трага ни глас.

По десет дена српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека двајцата се уапсени и дека во полиција го признале делото. Станува збор за Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, работници на ЈКП „Водовод“, кои дежурале кобниот ден. Според првичните изјави, двајцата со својот автомобил го удриле девојчето покрај патот, а потоа онесвестенато девојче го ставиле во возилото и се оддалечиле. Девојчето во еден момент се разбудило и почнало да плаче, а потоа еден од нив ја убил, а нејзиното тело било фрлено во депонија во близина на местото на исчезнување.

Целиот случај го одбележаа бројни мистерии, семејството на девојката се најде на удар на јавноста и кружеа бројни теории. Возбуда предизвика видео снимка од девојка од Австрија која многу личеше на Данка Илиќ за која тогаш се уште се сметаше дека ја нема. Но, се работи за двајца романски државјани, кои си го земале детето и веднаш пријавиле во полиција во Австрија, за да потврдат дека не се работи за киднапирање на детето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2ro9vqk25vo01oQmliL

Вучиќ и фон дер Лајен разговараа за европскиот пат на Србија

Свет | пред 15 часа

— реклама —
media-library4pds9h0ctsn8cPwbI1B

(Видео) Опозициски критики кон претседателот Вучиќ за односот со Русија

Свет | пред 19 часа

media-libraryomve0170hsuh7Rurym6

Уапсен 20-годишник, осомничен за учество во војната во Украина

Балкан | пред 20 часа

media-libraryo3atpber2kltbOhFQP9

Малолетник фрлил бомба во Крагуевац за 1.000 евра

Свет | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања