Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Покрај многу високите температури, денес попладне можно е невреме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
272063564_3120149648241589_1188196859652219359_n

Покрај многу високите температури на воздухот кои се над просекот за месец јуни, но и покрај Сахарската прашина и песок која предизвикува многу мачно и спарно време, денес попладне и тоа поради влијанието на циклонот кој е западно и северозападно од нас, поточно над северна Италија очекуваме и дестабилизација на атмосферата, особено во делови од Скопската котлина, во централните како и во источните предели од државава, но и локално и во југоисточните предели.

— реклама —

Токму во погоре споменатите предели очекуваме локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Поради загреаната атмосфера која е исполнета со енергија поради многу високите температури и топлиот бран од Африка, не се исклучува можноста и за локална појава на невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи, силен ветер и со појава на крупен град.

— реклама —

Апелираме, во случај на појава на невреме, граѓаните да бидат крајно претпазливи, односно во случај на појава на силни електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така и во случај на појава на силен ветер и на крупен град, автомобилите навремено да се заштитат.

— реклама —

Максималните дневни температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања