Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Полицајка осомничена дека открила информации за полициска акција со дрон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
bertrand-bouchez-409305-unsplash-37oja9s32pd8j8p2vazym8

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против В.М., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оддавање службена тајна“, казниво по член 360 од Кривичниот законик.

— реклама —

Според соопштението на МВР, пријавената В.М., вработена како полицаец – приправник во Одделението за полиција при Секторот за внатрешни работи Штип, на 10 јули 2025 година остварила телефонска комуникација со едно лице, користејќи телефонски број кој го употребува нејзиниот брат. Во разговорот, таа му соопштила дека ќе бидат преземени службени полициски дејствија за извидување со дрон, информации кои претставуваат службена тајна и биле поврзани со конкретна оперативна акција.

— реклама —

Од Министерството наведуваат дека со ваквото постапување пријавената можела да предизвика штетни последици за службата, поради што се сомничи дека го сторила кривичното дело „оддавање службена тајна“.

— реклама —

Покрај кривичната пријава, од Одделот за внатрешна контрола најавуваат дека против В.М. ќе биде поднесен и предлог за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarydjbok6g6h1b9ezkKqGJ

Уапсени 16 возачи, 12 од нив возеле без возачка

Македонија | пред 2 часа

puska

Вработени во ловечко друштво давале дозволи за лов на ловишта иако немале договор за концесија - поднесена кривична пријава

Македонија | пред 3 часа

puska

Бегал од полиција и од возилото фрлил ловечка пушка - полицијата ја пронајде и одзема

Македонија | пред 3 часа

petardi

Пред кафеана, на импровизирана тезга продавал пиротехника

Македонија | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања