Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Полицаец од полициската во Ѓорче Петров го гонат за „оддавање на службена тајна“ – испратил видео доказ на Инстаграм

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
mobilen-telefon

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение против А.Ј., полициски службеник во ПС ОН Ѓорче Петров, поради постоење основи на сомнение за кривично дело „оддавање на службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик.

— реклама —

На 20.12.2025 година, управител на угостителски објект во Скопје пријавил кривични дела „оштетување на туѓи предмети“ и „изнуда“. Како дел од постапката, управителот му испратил на пријавениот полициски службеник видео запис од безбедносните камери поврзано со пријавеното кривично дело.

— реклама —

Полицаецот, пак, видео записот го споделил преку социјалната мрежа „Инстаграм“ со лице кое издржува казна затвор во КПД „Затвор Прилеп“, кое исто така било пријавено од управителот за кривичното дело „изнуда“.

— реклама —

Одделот за внатрешна контрола најавува дека против А.Ј. ќе поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка и ќе изрече задолжителни мерки: одземање на службено оружје и муниција, задолжителен психолошки и психијатриски преглед и суспензија од работното место до завршување на постапката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

pari-evra-policija

На бизарен начин, велешанец остана без 4.000 евра

Македонија | пред 37 минути

media-librarysr1usvthm85l4RGDkwz

Напад врз полицаец во Шутка: Приведен скопјанец откако оштетил полициско возило

Македонија | пред 39 минути

media-library7mlppie6sdaa5jQszjZ

Насилен инцидент зад решетки: Осуденик повреден во Затвор Прилеп

Македонија | пред 3 часа

media-libraryssdat1nbjj506qU2n1f

Жена пронајдена почината во стан во Битола

Македонија | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања