Полициски службеници вчера на територијата на целата држава лишиле од слобода 11 возачи поради безобѕирно управување со возило, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од нив, осум управувале возило без возачка дозвола, двајца возеле и покрај тоа што имале активна забрана за управување, додека еден бил затекнат како управува возило под дејство на алкохол.
Најмногу возачи се лишени од слобода на подрачјето на СВР Охрид – пет лица. Од нив, тројца во Кичево биле фатени без возачка дозвола, а едно лице управувало возило и покрај активна забрана. Во Струга, пак, еден возач управувал автомобил „фолксваген голф“ под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода со возило „фиат“.
По двајца возачи се лишени од слобода на подрачјата на СВР Скопје и СВР Тетово, при што сите четворица управувале возило без возачка дозвола.
На подрачјето на СВР Битола се лишени двајца возачи, од кои едниот управувал возило без возачка дозвола, а другиот возел и покрај тоа што имал активна забрана.
По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не управуваат возило без положен возачки испит, со изречена забрана за управување или под дејство на алкохол.
Полицијата приведе 11 возачи, меѓу нив и еден пијан кој предизвикал сообраќајка во Струга
Автор:
Скопје1.мк
објавено пред 3 седмици -
Македонија
Поврзани содржини
Трагедија во семеен дом: Син осомничен за убиство на татко во Гостивар
Македонија | пред 22 минути
Акциска контрола на МВР: 43 санкционирани возачи за пречекорена брзина
Македонија | пред 13 часа
Уапсени осум возачи: шест биле без возачка, а двајца пијани
Македонија | пред 16 часа
Тепачка во Карпош, кога полицијата интервенирала едно од лицата се заканувало кон службеник, па го привеле
Македонија | пред 18 часа