Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Поминаа 10 месеци од трагедијата во Нови Сад, се оддава почит за 16-те загинати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
novi-sad-nesreka3

Во Нови Сад денеска се одбележуваат 10 месеци од уривањето на бетонската настрешница на влезот на железничката станица, несреќа во која загинаа 16 лица, а едно лице беше тешко повредено.

Во 11:52 часот, точното време на несреќата, граѓаните се собраа на железничката станица и оддадоа почит со 16 минути молчење. За вечерва, од 19 часот, средношколците најавија собир на универзитетскиот кампус под мотото „Средношколците се сеќаваат – сите сме под настрешницата“. Поддршка за иницијативата стигна и од студентите кои продолжуваат со блокади на факултетите.

— реклама —

„Средношколците се сеќаваат, ние се придружуваме,“ соопштија студентите во својот повик.

Катастрофата предизвика масовни протести низ Србија и доведе до блокади на универзитети во повеќе градови. Сепак, судската постапка сè уште не е започната, бидејќи истрагата на обвинителството беше стопирана по барање на еден од осомничените – поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ – за изземање на обвинителите во Нови Сад и на државната обвинителка Загорка Доловац.

— реклама —

Во меѓувреме, Обвинителството за организиран криминал на 1 август соопшти дека шест лица се уапсени во рамки на истрагата за финансиските текови поврзани со проектот за модернизација на железничката линија Нови Сад – Суботица – државна граница (Келебија).

Меѓу уапсените се и поранешниот министер Томислав Момировиќ, кој ја водеше ресорот од октомври 2020 до октомври 2022 година, како и Анита Димоски, поранешна вршителка на должноста помошник-министер и раководителка на Секторот за железници и интермодален транспорт во периодот од ноември 2020 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2ro9vqk25vo01oQmliL

Вучиќ и фон дер Лајен разговараа за европскиот пат на Србија

Свет | пред 15 часа

— реклама —
media-library4pds9h0ctsn8cPwbI1B

(Видео) Опозициски критики кон претседателот Вучиќ за односот со Русија

Свет | пред 19 часа

media-libraryomve0170hsuh7Rurym6

Уапсен 20-годишник, осомничен за учество во војната во Украина

Балкан | пред 20 часа

media-libraryo3atpber2kltbOhFQP9

Малолетник фрлил бомба во Крагуевац за 1.000 евра

Свет | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања