Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

„Пораката на Инстаграм остана непрочитана“ – мајката на Андреј сведочеше за ноќта на трагедијата во „Пулс“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryomvpl4gba7jh96dABqd
YouTube/Print Screen

„На Андреј му пишав на Инстаграм: ‘Што се случува?, и до денес таа порака стои непрочитана.“

Вака сведочеше денеска Марија Петрушева, мајката на 24-годишниот Андреј. Таа рече дека семејството прво ги слушнало сирените околу 02:45 часот, а потоа забележало дека службите се движат во правец на клубот. Тогаш започнала агонијата, ѕвонела на двајцата синови, но без одговор.

— реклама —

„Почнав да им ѕвонам наизменично. Кога не ми се јавија, му напишав на Андреј: ‘Што се случува?’. Но пораката остана непрочитана,“ рече таа низ солзи.

Петрушева сведочеше и дека нејзиниот син бил повикан на работа доцна по полноќ.

— реклама —

„Андреј беше викнат од газдата Дејан Јованов во 01 часот по полноќ, бидејќи имало многу гости. Буквално секој што знаел да држи чаша во рака бил повикан,“ изјави таа, додавајќи дека последен пат разговарале околу 18:30 часот, кога ѝ рекол дека е уморен, но мора да оди.

Кога семејството пристигнало кај клубот, веќе владеел хаос.

„Јас се наведнав да ги превртувам децата, да видам дали е некој од моите. Тие деца кои ги гледав таму, не сфаќав дека се мртви… мислев дека се онесвестени од чадот,“ сведочеше таа.

Надеж се појавила кога некој им кажал дека браќата веќе биле однесени во болница, помалиот Христијан бил стабилен, а за Андреј слушнале дека има „слаб пулс“.

Судењето продолжува со сослушување на сведоци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz

„Бев легната на земја, заглавена меѓу излезната и влезната врата, ме извлече член на обезбедувањето“, вели сведок од „Пулс“

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

Дел од родителите на загинатите деца од „Пулс“ бараат враќање на Трајчева во предметот против полицајците, Советот на обвинители се прогласи за „ненадлежен“

Македонија | пред 1 ден

media-library5p3mkbsoocij3Y8UIgD

Не знаевме дека казнуваме згасната фирма наместо „Пулс“, се бранат обвинетите полицајци

Македонија | пред 2 дена

media-library0vj4nv0artmi2RzY2fJ

Брза помош интервенираше на рочиштето за „Пулс“: Влошена состојба на Дејан Јованов-Деко

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања