Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Поранешни министри, градоначалници, директори, инспектори... Нема место во судницата во Идризово, почна судењето за „Пулс“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF
YouTube/Print Screen

Полициски комбиња едно по друго пристигнаа во кругот на „Идризово“ додека силно полициско обезбедување ги спроведуваше обвинетите до импровизираната судница. Надвор, на дождливото утро, новинари и фоторепортери стоеја подготвени да го документираат моментот кога почнува најмасовното судење во поновата историја на Македонија.

— реклама —
media-librarys07fmjiiuhfj5FjKg40

Во судницата – преполна до последно место – беа сместени обвинетите, нивните адвокати, претставници на јавноста и медиумите. Салата е целосно исполнета, со редови до крајот на просторијата, а атмосферата е тензична и внимателна. Се гледаат поранешни министри, градоначалници, директори, инспектори и одговорни лица од фирмите поврзани со ноќниот клуб „Пулс“, сите обвинети за тешки дела против општата сигурност.

— реклама —

Вкупно 35 лица и три правни субјекти се товарат за трагедијата што ја потресе земјата – пожарот во кој загинаа 63 млади луѓе, а повеќе од 200 беа повредени. Ако бидат прогласени за виновни, максималната предвидена казна е до 20 години затвор.

— реклама —
media-library2bhr9llnj04heZYiCmq

Паралелно со овој судски процес, во ОЈО за гонење организиран криминал и корупција продолжува посебна истрага за дваесетина полициски службеници за кои се сомнева дека имале улога во пропустите кои довеле до трагичниот исход. Оваа постапка дополнително го засилува интересот на јавноста, која го следи случајот со невидено внимание.

Денеска, во КП Идризово, почна процесот што треба да даде одговори – кој, како и зошто дозволил ноќен клуб да работи спротивно на сите безбедносни протоколи и што точно довело до најтешката трагедија во поновата македонска историја.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryal1bf04gcr551aeZsrH

39-ти „Марш на ангелите“ во Кочани: Додека светот го поместува часовникот напред, за нас времето стои

Македонија | пред 4 дена

puls-12

Сведок на судењето за „Пулс“: Општината навремено реагирала и побарала да не се издаде лиценца за работа на објектот

Македонија | пред 5 дена

media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

Тројца нови сведоци за пожарот во Кочани - продолжува судењето за случајот „Пулс“

Македонија | пред 5 дена

media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF

Повторно се одложува судењето против деветте полициски службеници обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања