Во недела, 26 април 2026 година, во периодот од 09:00 до 13:30 часот, во Скопје ќе се одржи меморијална дуатлон трка „Меморијал Ѓоко Кузмановски“, се наведува во соопштение од МВР.
Во соопштението се посочува дека стартно-целната позиција ќе биде пред СЦ „Јане Сандански“, а учесниците ќе се движат по дел од булеварот „АСНОМ“ и улицата „Васко Карангелевски“, на потегот кон крстосниците со булеварот „Србија“ и пристапната сообраќајница кај „Мајчин дом“.
Како што е наведено во соопштението, поради одржување на настанот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе воведе посебен режим и сообраќајот ќе биде пренасочуван по околните улици.
Во соопштението МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите од полициските службеници на терен.