Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Повисоки плати, електронски свидетелства и нова матура: образованието со сериозни реформи во 2026

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
vesna-janevska

Министерката за образование и наука на новогодишен брифинг со новинарите ги претстави клучните планови и реформи што Министерството за образование и наука (МОН) ги подготвува за 2026 година, најавувајќи повисоки плати за наставниците, нов концепт на државната матура, електронски свидетелства и засилена борба против плагијатизмот.

— реклама —

Јануари ќе започне со потпишување на Националната стратегија за образование 2026–2032, која ќе биде основа за креирање на образовните политики во следните шест години. Како еден од приоритетите е наведена едносменската настава, која досега е воведена во околу 200 училишта.

— реклама —

Од јуни 2026 година, за првпат ќе се воведат електронски свидетелства за учениците од прво, второ и трето одделение. Министерката Јаневска најави дека до крајот на 2027 година е-свидетелства ќе добијат и учениците од четврто до шесто одделение, а до крајот на нејзиниот мандат во 2028 година и учениците од седмо до деветто одделение.

— реклама —

За мотивирање на вработените во воспитно-образовниот процес, од март се најавува зголемување на платите меѓу 7,5 и 10 проценти за наставниците во основното и средното образование.

Промени се најавени и за матурантите. Од 2026 година ќе се воведе нов концепт на државната матура со два типа – гимназиска и стручна. Паралелно ќе продолжат реформите во средното стручно образование, со фокус на создавање кадар согласно потребите на пазарот на трудот.

Јаневска најави и подобрувања во делот на учебниците, кои и годинава беа еден од најгорливите проблеми во образованието, истакнувајќи дека се работи на законски решенија и системски промени за надминување на слабостите.

Во делот на науката, министерката посочи дека конечно се зголемени инвестициите, напредок кој е нотирани и во годинешниот Извештај на Европската комисија. Сепак, ниту еден македонски универзитет сè уште не е близу до Шангајската листа, за што, како што рече, се потребни повеќе инвестиции, научни трудови и промени во универзитетските програми.

Во финална фаза се и нацрт-законите за високото образование и за обезбедување на квалитетот, кои по добивање зелено светло од стручната јавност ќе бидат објавени на ЕНЕР. Со новиот Закон за високо образование се предвидуваат построги правила за професорите, кои ќе имаат обврска за континуирано објавување научни трудови, а во спротивно на секои пет години повторно ќе полагаат за лиценца.

Министерката најави и формирање на т.н. „ѕид на срамот“, каде ќе се објавуваат магистерски и докторски трудови за кои ќе се утврди дека се плагијати или купени, како дел од засилената борба против академската нечесност.

Како дел од инфраструктурните проекти, при крај е и решението за довршување на објектите за ФИНКИ и ФФК, а веќе следната недела се очекува објава на тендер за нивно репроектирање, по што ќе следи избор на изведувач за градежните работи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library3lkuf0r6iacm9m9jZuI

Новинарот Адеми ги отфрла критиките: „Не користев агресивен тон“

Коментари | пред 5 дена

media-libraryshcv35u6jqmdbvJktGX

Заврши темелната реконструкција на Регионалниот центар за стручно – образование и обука „Моша Пијаде“ во Тетово

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryj3l2ctftfami3Ayq28A

„Професорот е суспендиран, Државниот просветен инспекторат постапува“, вели Јаневска за професорот кој сексуално вознемируваше ученичка

Македонија | пред 2 седмици

media-library9lks8svicve9cF4K6u9

(Видео) Ќе се врати ли Никола Груевски идниот февруари?

Студио | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања