Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Пречистувачи во градинките во општина Кисела Вода

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarygfs4kmhg9ve8eiEegqI

Во градинките на територијата на општина Кисела Вода се поставуваат пречистувачи за воздух. Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, ја посети градинката “Синоличка” при ЈДГ “Весели Цветови”, една од градинките каде што веќе се поставени пречистувачи. При посетата, таа разговараше со вработените за значењето на оваа мерка, која директно придонесува за подобрување на условите за престој, како и за заштита на здравјето и благосостојбата на најмладите.

— реклама —

Покрај во градинките, пречистувачи за воздух се поставени и во спортската сала во ООУ „Невена Георгиева Дуња“, како и во ПОУ „Кузман Јосифовски – Питу“. Оваа активност е дел од пошироката стратегија на Општина Кисела Вода за создавање почиста и поздравa животна средина, особено во објектите каде што секојдневно престојуваат деца и млади.

— реклама —

Општина Кисела Вода и претходно презеде низа конкретни чекори во оваа насока. Пречистувачи за воздух беа поставени во сите училници во сите основни училишта на територијата на општината, како и во поголемите паркови, со цел да се подобрат условите за престој и секојдневно функционирање на граѓаните.

— реклама —

-Грижата за здравјето на нашите најмлади е еден од нашите највисоки приоритети. Со поставувањето на пречистувачи за воздух во градинките, училиштата и спортските објекти, создаваме поздрави услови за престој и развој на децата. Ова е дел од стрстегијата на Општина Кисела Вода за почиста животна средина и за подобар квалитет на живот за сите наши сограѓани, заложба од која нема да отстапиме- изјави градоначалничката на Општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

voda

Водата во Скопје е безбедна за пиење – сите анализи покажуваат усогласеност со стандардите

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryt1b3hoglbsel6z2Gurj

Стаменкоска Трајкоска: Создаваме еднакви можности и подобра иднина за сите ученици

Скопје | пред 2 месеци

media-librarytkqbbirujnchfayd7Zz

Општина Кисела Вода го донесе Буџетот за 2026 година, вреден 1.578.271.060 денари

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryfmlfc1u59jm2fdsx0Ky

Во недела започнува тридневна „Новогодишна приказна“ во Кисела Вода

Скопје | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања