Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Пред судот да одлучи дали судијата Ѓоко ќе седи во куќен притвор, треба Судски совет да каже дали ќе му го симнат судискиот имунитет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryifrrr98q8id927HY7ta

Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека од страна на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е доставен предлог за определување мерка куќен притвор и дополнителни мерки за обезбедување присуство во предметот против судијата Ѓоко Ристов, осомничен по истрагата во која беа пронајдени 350.000 евра заѕидани во ѕид.

Како што појаснуваат од Кривичниот суд, предлогот веднаш бил распределен кај судија на претходна постапка, кој без одлагање испратил известување до Судски совет, од каде што се очекува официјален одговор. По добивањето на ставот од Судскиот совет, судијата на претходна постапка ќе продолжи со натамошно постапување по предметот.

Од Судот дополнуваат дека до овој момент судијата Ѓоко Ристов ниту бил спроведен пред суд, ниту се јавил доброволно, а единствено што е доставено е предлогот од обвинителството за определување мерки.

Постапката, како што наведуваат, е во фаза на процесни чекори кои се условени од одлуката на Судскиот совет, со оглед на судискиот имунитет, по што ќе следува одлучување за предложените мерки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

krazba

Со тесла упаднал во маркет, украл 52.900 денари, па се обидел повторно: уапсен косовски државјанин

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library74m17ss756e5aP4YzoF

Татко и двајца синови осомничени за брутален напад на гробишта во Бутел

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryde70q4td32141LUzO8V

Даночна шема тежи стотици милиони: во шемата се и вработени во УЈП, а обвинети се 10 лица

Македонија | пред 2 седмици

media-librarypns8fr8liclt2afyiGo

Битолчанец вработен во училиште осомничен за детска порнографија: истрагата е почната откако Австралија открила ИП-адреси од Македонија

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања