Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Преку петиција се бара ослободување на обезбедувачите во „Пулс“: Одговорноста е кај сопственикот, тие добивале наредби и немале избор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2025-04-05-at-11.53.36

Петиција креирана на страницата „peticija.mk“, а преку која се бара ослободување на обезбедувачите на дискотеката „Пулс“ кои се осомничени во случајот, се споделува на социјалните мрежи. Преку неа, креаторите посочуваат дека тие ги слушале наредбите од сопственикот на дискотеката и не се одговорни за настаните. Ова доаѓа откако обезбедувачите добија притвори бидејќи спроед Обвинителството, вината што во дискотеката имало и малолетници, но и поголем број на гости од дозволеното е нивна вина.

Ставајќи се во нивна кожа, не можеме ни да замислиме како им е во притвор, знаејќи дека ги ризикувале своите животи за да спасат над 80 невини души. Ние разбираме дека ситуацијата била многу комплицирана и тешка за сите вклучени, но овие лица не биле согласни со тоа да пуштаат малолетни лица во дискотеката. Тие дури и самите на неколку пати пријавувале дека внатре има малолетници (според јавното сведошто на еден од обезбедувањето), но за жал не се превземале никакви мерки. Наредбите биле такви што тие немале избор, освен да продолжат со работа, за да не го изгубат своето работно место. Со оглед на тоа што ги следеле наредбите на сопственикот на дискотеката, не може да се сметаат за одговорни за овие настани. Тие биле принудени да работат во тие услови, и треба да се земе во предвид нивната храброст и посветеност, како и нивната желба да спасат животи во ситуација кога и самите тие беа во опасност“, стои во дел од петоцијата.

— реклама —

Потоа, се вели дека им се прави неправда.

„Треба да биде јасно дека одговорноста за целата ситуација лежи на сопственикот на дискотеката, кој треба да одговара за сите незаконски активности во својата установа. И да не заборавиме, иако официјално се тврди дека шанкерот бил управител на фирмата, тоа не го прави виновен за сето случено, бидејќи неговата улога била во согласност со наредбите и условите кои им биле наметнати. Односно се работи за една наивна и невина душа, која не била свесна за последиците. Ние го повикуваме судот да ја разгледа ситуацијата од хуман и праведен аспект, и да донесе одлука која ќе ја одразува вистината и правдата. Овие лица заслужуваат да бидат ослободени, да продолжат со животите свои и да се фокусираат на понатамошното помагање и спасување на животи. Поддржете ја оваа петиција за ослободување и дозволете им на овие херои да ја продолжат својата борба за животите на другите“, додаваат во петицијата.

— реклама —

Обезбедувачите се дел од обвинетите, покрај сопственикот на дискотеката, ексминистерот за економија и државниот секретар во министерството, ексдиректорите и вработени во Пазарна инспекција, полицајци, ексградоначалници на Кочани.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz

„Бев легната на земја, заглавена меѓу излезната и влезната врата, ме извлече член на обезбедувањето“, вели сведок од „Пулс“

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

Дел од родителите на загинатите деца од „Пулс“ бараат враќање на Трајчева во предметот против полицајците, Советот на обвинители се прогласи за „ненадлежен“

Македонија | пред 1 ден

media-library5p3mkbsoocij3Y8UIgD

Не знаевме дека казнуваме згасната фирма наместо „Пулс“, се бранат обвинетите полицајци

Македонија | пред 2 дена

media-library0vj4nv0artmi2RzY2fJ

Брза помош интервенираше на рочиштето за „Пулс“: Влошена состојба на Дејан Јованов-Деко

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања