Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Претреси во Скопје, две лица лишени од слобода, запленета дрога и оружје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
droga2

По претходно превземени оперативни активности, вчера (04.07.) полициски службеници од СВР Скопје врз основа на Судски наредби за претрес на дом и други простории извршија претреси кај две лица.

— реклама —

Притоа при претресот кај лицето Н.Ј. (26) од Скопје во стан во Ѓорче Петров беа пронајдени и одземени една дигитална вага со остатоци од материја, една зипер кесичка со семки од растение, една полиетиленска кесичка со бела прашкаста материја, една тегла со бела грутчеста материја, мало шишенце со семки од растение, поголема црна кеса со растителна материја, како и полиетиленска кесичка со растителна материја. Исто така пронајдени и одземени се и парични средства - две банкноти во апоени од 2000 денари, осум банкноти во апоени од 1000 денари, 20 банкноти во апоени од 500 денари.

— реклама —

Дополнително при претресот од страна на таткото на лицето Н.Ј. доброволно биле предадени и четири куршуми, калибар и четири ловни со калибар од 12 мм.

— реклама —

Во извршениот претрес, пак, кај лицето Д.Т. (26) во Волково, скопско, биле пронајдени и одземени: една тегла со растителна материја, зипер кесичка со растителна материја, полиетиленска кесичка со осум семки од растение, една дигитална вага, два грендери со материја, потоа три стебла од растение, како и две воздушни пушки со дрвен кундак и една кутија со дијаболи за воздушна пушка.

Во координација со дежурен јавен обвинител од ОЈО Скопје лицата се лишени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот против истите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6t3i1sderu153qZVLGp

Акциска контрола на МВР: 43 санкционирани возачи за пречекорена брзина

Македонија | пред 3 часа

media-librarydjbok6g6h1b9ezkKqGJ

Уапсени осум возачи: шест биле без возачка, а двајца пијани

Македонија | пред 6 часа

policija-policaec-35-450x270-1

Тепачка во Карпош, кога полицијата интервенирала едно од лицата се заканувало кон службеник, па го привеле

Македонија | пред 8 часа

media-libraryet16s6jn6mqrdKXXpd4

Скопјанец ѝ се заканувал на мајка си, приведен

Скопје | пред 8 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања