Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Претстојната ноќ и утре на повеќе места врнежи, грмежи и засилен ветер

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-08-1140PM

Поради продор на значително ладен атмосферски фронт кој ќе пристигне на многу загреана атмосфера и исполнета со енергија, токму поради повеќе дневниот топлотен бран кој ја зафати нашата територија, од попладнево, а особено во текот на претстојната ноќ и утре, на повеќе места низ Македонија ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

— реклама —

Локално процесите ќе бидат интензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град кој би можел да биде покрупен. И во Скопскиот регион очекуваме нестабилно време со повремен пороен дожд, грмежи и со засилен ветер и тоа во текот на претстојната ноќ и утре. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме.

— реклама —

Апелираме во случај на појава на невреме, граѓаните да бидат крајно внимателни, тоа значи во случај на појава на силни електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на силен ветер и на крупен град автомобилите да се заштитат.

— реклама —

Што се однесува до температурите, тие утре ќе бидат за 8 до 10 степени пониски за разлика од сегашните, па така утре максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

vreme

Променливо облачно време со сончеви периоди

Македонија | пред 17 часа

258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

Облаци и врнежи низ земјава, во Скопје до 13 степени

Македонија | пред 3 дена

vreme

Променливо облачно со дожд и силен јужен ветер – температурите до 21°C

Македонија | пред 4 дена

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-44-5550PM

Утре силен јужен ветер над 60km/h, а во петок врнежи и услови за грмежи

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања