Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Приватните превозници го прашаа директорот на ЈСП дали би работел без плата шест месеци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
media-library7pu1kur6geko1Jj9VNI

Долгот на ЈСП „Скопје“ кон приватните превозници повторно предизвика судир – овојпат на заедничка прес-конференција. Превозниците обвинија дека вкупните обврски на претпријатието кон нив достигнуваат 170 милиони денари (околу 2,75 милиони евра), од кои доспеани се 90 милиони денари (околу 1,45 милиони евра). Според нив, поради тоа што немаат средства ниту за гориво, од понеделник ќе возат со скратен возен ред – само од 5 до 10 часот наутро.

На самиот настан присуствуваше и директорот на ЈСП, Драги Кушовски, кој остро им возврати дека бројките се лажни и дека реалниот долг изнесува околу 60 милиони денари (над 970.000 евра).

— реклама —

Оваа негова изјава дополнително ги разгневи превозниците, кои го нападнаа со прашања за неговата плата. Кушовски призна дека земал плата за август и дека наскоро ќе ја добие и за септември. На тоа, превозниците реплицираа дека тие последен пат примиле плата во март и го прашаа дали би работел шест месеци без примања.

— реклама —

„Последната исплата што ја добивме беше за март, а сега е октомври. Додека ние чекаме, вие добивате редовно. Кажете ни, дали би работеле без плата половина година?“ – му порачаа на директорот.

Кушовски возврати дека не се коректни и дека создаваат политички притисок. „Се плаќаат долговите според можностите. Долгот не е толкав како што тврдите. Јас кога дојдов на оваа функција ги наследив старите обврски и успеав да го намалам долгот,“ изјави тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarynm6fihfidd9k8fw2jaK

ЈСП: Автобусите возат по зимски ред, изменети траси на повеќе линии

Скопје | пред 2 часа

— реклама —
JSP-avtobusi1-1-750x430

ЈСП воведува дополнителни линии за Саемот на книгата

Скопје | пред 20 часа

jsp-avtobus

ЈСП: Изменет режим на линиите 31 и 163 поради реконструкција во Кисела Вода

Македонија | пред 6 дена

jsp-avtobus

ЈСП: Автобусите сообраќаат по зимски возен ред, дел со изменета траса

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања