Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Приведени двајца пијани возачи: еден излетал од пат, друг удрил во паркирано возило

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
policija-alkohol

Полициски службеници лишија од слобода двајца возачи во Струга и во кавадаречкиот регион, откако управувале возила под дејство на алкохол и предизвикале сообраќајни несреќи.

— реклама —

На 29 јануари 2026 година околу 07:00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Д.Ј. (29) од село Глишиќ, кавадаречко. Претходно, на регионалниот пат Неготино–Кавадарци, тој управувајќи патничко возило „фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот. При преземање мерки било утврдено дека го управувал возилото под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,96 промили алкохол во крвта.

— реклама —

Претходниот ден, на 28 јануари 2026 година околу 18:20 часот, на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода И.М. (36) од Струга. Тој управувајќи патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко возило „мерцедес“, сопственост на Б.М. (23) од село Франгово. По извршените проверки било констатирано дека И.М. имал 2,25 промили алкохол во крвта, по што бил задржан во полициска станица.

— реклама —

По целосно документирање на настаните, против двајцата возачи ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

haker-724x406

Онлајн измамници украле 44.000 евра од фирма од Свети Николе

Македонија | пред 19 минути

Google-Maps-Street-View-two-women-fighting-Russia-1382501

Уапсена Германка во Гостивар, осомничена за тепачка лани во декември

Македонија | пред 1 час

media-libraryldtg3q5cfvbs2nicno6

73-годишен маж пронајден починат во куќа во Гостивар

Македонија | пред 1 час

pari

Давала пари на заем со висока камата и упатувала закани – пријава против 53-годишна струмичанка

Македонија | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања