Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Проблематичните крави од Крива Паланка одат на продажба, откако пет години трае драмата со нив

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-librarytvmsd8b75tdedc6gOEW
Фото: Телма

Веќе во понеделник може да започне продажбата на кравите заловени во Крива Паланка кои се шетаа слободно низ цел град. По пет години поплаки од жителите, Агенцијата за храна и ветеринарство ги заловува, а ако сите грла се здрави, ќе бидат ставени на јавен оглас.

— реклама —

Владата ја овластила Агенцијата да врши продажба на заловената стока, а на огласот ќе можат да се јавуваат и кланици. Тимови на АХВ неколку пати беа на терен и досега заловија 80 крави од стадото кое брои над 500 грла.

— реклама —

Едно од последните заловувања помина како да е сценарио од филм. Додека тимови на АХВ заловуваа, а полицијата обезбедуваше, се појави девојката Јулијана Ѓорѓиевска која ги пасела и почнала да ги брка кон недостапен предел за да не и ги земат. Од друга страна, девојката посочи дека само ги смирувала бидејќи биле исплашени од страна на инспекторите.

— реклама —
media-librarytvmsd8b75tdedc6gOEW

(Видео) АХВ со МВР ги бркаат проблематичните крави низ Крива Паланка, фатиле десетина, другите се качиле на рид

Вистинска „вестерн“ приказна денеска се одвиваше во Крива Паланка. Кравите што со месеци слободно шетаат низ кривопаланечкиот регион сè уште не можат да бидат скротени, објави Телма.Екипите на Телма од терен ја пренесоа драматичната атмосфера – инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и Министерството за внатрешни работи (МВР) се обидуваа да ги приберат животните, додека нивните сопственици ги бркаа по планината за да спречат тие да бидат одземени.Меѓу најгласните беше Јулија Ѓорѓиевска, ќерка на сопственикот која викајќи по кравите се обидуваше да ги оттурне од инспекторите и да ги протера кон ридовите. По неа трчаше и службеник, кој безуспешно се обидуваше да ја сопре.И покрај акцијата, кравите и понатаму слободно се движат низ кривопаланечко.

Македонија | пред 1 месец

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kriva-palanka

Подметнат пожар во Крива Паланка: уништена штала со сено

Македонија | пред 1 седмица

media-librarysflnbqcge91a9i6MjJM

Градоначалникот на Паланка до АХВ: Излезете на терен и решете го проблемот веднаш, или ќе ги искористам сите правни механизми за утврдување на одговорност

Македонија | пред 1 месец

272221174_1123584345105622_1125979458684620033_n

Градоначалникот, ако сакаше до сега ќе го решеше проблемот со кравите, вели АХВ по драматичната акција во Крива Паланка

Македонија | пред 1 месец

media-libraryfbmmq0k2d4ukc5XhxFP

„Треба да има домашен притвор и за кравите, кој им гарантира безбедност и дека нема да завршат во месара?“, кравите и Груби се топ тема

Коментари | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања