Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“ – сослушување на пет сведоци и оштетени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF
YouTube/Print Screen

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, при кој загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени, со сослушување на сведоци и законски застапници на оштетените.

Адвокатот Петре Шилегов пред почетокот на претходното рочиште побара да се земе предвид брифингот на ОЈО ГОКК за запирање на постапката против службени лица и предложи Јавното обвинителство да ја преиспита таа одлука, истакнувајќи дека за дел од сега обвинетите може да се повлечат обвиненијата.

— реклама —

На рочиштето беа сослушани повеќе сведоци кои биле присутни во дискотеката кобната вечер. Во своите искази тие ја опишаа паниката и хаосот што настапиле кога пламените јазици и чадот ја зафатиле преполната дискотека. Еден од сведоците исракна дека претрпел сериозни повреди на дишните патишта, лекувајќи се во Штип, Скопје и девет дена во Грац, Австрија, а последиците ги чувствува и денес.

„Сега повторно ми е падната сатурацијата после 10 месеци, падната ми е на 65 проценти“, откри сведокот.

— реклама —

Случајот го води судијката Дијана Груевска Илиевски и моментално се наоѓа во доказна постапка со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството.

За денешното рочиште се најавени пет сослушувања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0vbqr9m0c94c8ma6P8m

Родителите на загинатите во „Пулс“: Додека ние стоиме над гробовите на нашите деца, некој бара полесни услови и удобност

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

Адвокатите се спротивставуваат на повлекување на тешко повредени сведоци од пожарот во „Пулс“ , тврдат дека и обвинетите се под стрес

Македонија | пред 6 дена

media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

„Ако задоцневме 12 секунди, немаше да излеземе“, сведочат преживеани од пожарот во „Пулс“

Македонија | пред 1 седмица

media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

На судењето за Пулс: Инспекторка призна дека не го контролирала “Пулс”, оти работел под нова фирма, а за неа немала налог од градоначалникот

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања