Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Протестен марш во Скопје: посебен режим на сообраќај, траса до Министерството за правда

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-librarych6tn2a6rh7e1oRRAHb
Скопје1.мк

Денеска во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради протестен марш кој ќе започне во 12:30 часот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Маршот, организиран од група граѓани поради незадоволство од неспроведување на Законот за употреба на јазиците во правосудниот испит, ќе започне од плоштадот „Карпошово востание“, ќе продолжи по улицата „11-ти Март“, преку Камениот мост, по „Никола Вапцаров“, а ќе заврши пред Министерството за правда на улицата „Димитрие Чуповски“.

— реклама —

Од МВР информираат дека сообраќајот ќе биде пренасочен по околните улици со цел непречено движење, а граѓаните се повикуваат да ги почитуваат насоките на полициските службеници.

Протестот се организира со барање да се овозможи полагање на правосудниот испит на албански јазик, прашање кое веќе предизвика политички реакции.

— реклама —

Премиерот Христијан Мицкоски ги повика учесниците да не дозволат, како што рече, „да бидат алатка во рацете на политичка партија која сè уште живее во спомените од минатиот век“.

Тој најави дека Владата работи на решение за проблемот.

„Формиравме група од уставни експерти кои работат на решение кое ќе биде уставно и во согласност со меѓународните стандарди. Ги уверувам студентите дека ќе се изнајде соодветно решение“, изјави Мицкоски.

Премиерот посочи и дека Законот за употреба на јазиците е оспорен пред Уставниот суд, како и дека за одредени одредби, особено во правосудството, постојат забелешки и од Венецијанската комисија.

Протестот се одржува во чувствителен момент, со засилени политички позиции околу јазичната политика и примената на законот во правосудниот систем.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library3rgaolbpfusv7lx1j4z

Јазикот на правосудниот испит отвора нова политичка дебата - Мицкоски најави решение, Касами бара испит на албански јазик

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryqjrm6bcq5pet0TY3wVG

„Македонија има еден службен јазик на целата територија, секој кој живее и работи треба да го знае“, велат од Македонски Концепт

Македонија | пред 2 седмици

jove-kekenovski

„Правото не е етнички договор“ – професорот Кекеновски за барањето правосуден да се полага на албански

Коментари | пред 2 седмици

media-librarysl086gl5dr5d2LaHLcD

Адвокатот Димитријевиќ до студентите кои протестираа: Ако задолжителен јазик во судските постапки е македонскиот, тогаш мора да се познава и користи

Коментари | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања