Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Прва реакција од Париз: Макрон за новите царини на Трамп

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
Screenshot-2025-08-22-at-10.41.43

Францускиот претседател Емануел Макрон ја коментираше одлуката на Врховниот суд на САД со која беше поставена пречка за царинската политика на американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи дека е „добро“ што во САД постојат механизми на проверка и рамнотежа на власта.

Говорејќи за време на посетата на земјоделски саем во Париз, Макрон ја нагласи важноста на владеењето на правото и институционалните механизми во демократските системи.

— реклама —

„Добро е што во демократиите постојат власт и противтежа на власта. Тоа треба да се поздрави“, изјави францускиот претседател.

Во однос на најавата на Трамп за воведување глобална царинска стапка од 15 отсто, Макрон посочи дека Франција внимателно ќе ја анализира новонастанатата ситуација.

— реклама —

„Ќе ги проучиме точните последици, што може да се направи и ќе се приспособиме“, рече тој.

Макрон додаде дека „најправичните можни правила подразбираат заемност, а не трпење еднострани одлуки“. Според него, доколку новите мерки придонесат за смирување на состојбата, тоа е позитивно, но приоритет треба да биде намалување на меѓународните тензии и продолжување со модернизацијата на националните економии.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

makron

Макрон го поддржа примирјето на Израел и Хезболах, но повикува на претпазливост

Свет | пред 5 дена

— реклама —
makron

Макрон и јужнокорејскиот претседател подготвуваат план за безбедноста во Ормускиот теснец

Свет | пред 2 седмици

makron-3

Макрон: Војната со Иран нема да ја одврати Франција од поддршката за Украина

Свет | пред 1 месец

media-library5hcfs60jsruodlaE65U

Макрон повика на воздржаност од Израел и Хезболах

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања