Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Прва реакција од Русија: Ако НАТО го затвори небото над Украина, тоа значи војна со НАТО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
GOLF_20220417184153560_fbf71198c4efee9ae5351396bbb511b1-800x579

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски даде на знаење дека НАТО планира да воведе забранета зона за летање над западна Украина, поради честите руски напади при кои дронови навлегуваат и во земји членки на НАТО што се граничат со Украина. На оваа идеја пристигна и првата реакција од Русија.

„Идиоти, тоа би значело војна меѓу НАТО и Русија“

— реклама —

Заменик-претседателот на руското Совет за безбедност Дмитри Медведев изјави дека спроведувањето на идејата за воспоставување забранета зона за летање над Украина и можноста земјите од НАТО да уриваат руски дронови би значело војна меѓу алијансата и Русија.

„Сериозно, спроведувањето на провокативната идеја на Киев и другите идиоти за создавање ‘зона забрана за летање над Украина’ и дозволувањето земјите на НАТО да ги соборуваат нашите дронови ќе значи само едно: војна на НАТО со Русија“, напиша Медведев на својот канал на Телеграм, коментирајќи ја изјавата на полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски за воведување на ваква зона.

— реклама —

Политичарот се осврна и на посетата на украинската престолнина од страна на естонскиот министер за одбрана Хано Певкур. „Во Киев пристигна естонскиот министер за одбрана. Се заканува. Колку е земјата помала, толку нејзините лидери се посклони кон агресија и глупост“, наведе Медведев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

mark-rute

НАТО: Ќе преземеме сè за одбрана на Турција

Свет | пред 17 часа

— реклама —
media-libraryng9ecqnv8gssbu2vMxx

НАТО пресретна руски бомбардери над Балтикот

Свет | пред 1 ден

nato-mrezi

НАТО ќе стане „поевропски“: расте загриженоста за улогата на САД

Свет | пред 1 седмица

media-libraryp6rje5uv3ftnfCezgky

Напнатоста околу Иран ја турна НАТО во најголема криза

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања