Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Прво едукација, па казни за новиот закон за пушење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarydieim7043fpd8HcWnGe

Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека динамиката за почеток на казнувањето за прекршување на новиот закон за пушење сè уште не е прецизно дефинирана, нагласувајќи дека примарната цел на институциите е едукација, а не веднаш санкционирање.

Одговарајќи на новинарско прашање од кога ќе започне казнувањето, Алиу посочи дека се создал амбиент во кој јавноста перципира дека државата сака веднаш да казнува, додека, според него, фокусот е на укажување и информирање за тоа што е незаконско и кои се последиците од непочитувањето на прописите.

— реклама —

„Инсистирав да дадеме простор да укажеме кој работи незаконски и дека ќе се казнува. Мислам дека тоа е добра практика – државата да соработува со бизнис-заедницата“, изјави министерот.

Тој додаде дека државата мора дополнително да се доекипира за целосна имплементација на законот. Според него, доколку веднаш се започне со масовни казни, може да се појави проблем со недоволен број инспектори и службени лица за спроведување контроли на терен.

— реклама —

Како пример, Алиу посочи на претходни ситуации кога забраната за пушење формално важела во Скопје, но не била доследно спроведувана во другите средини. Според него, целта е законот да се применува еднакво на целата територија, со јасна стратегија и соодветни ресурси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylv64ebf2eiim5eNudTk

Пациентите со ретки болести непречено и во континуитет ја примаат потребната терапија, велат од Министерство за здравство

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryvoheqra0v5398mITesD

Донирани органи спасија два животи: Направени трансплантации на црн дроб и бубрег во Скопје

Македонија | пред 3 дена

media-libraryfgj2o9rdavjg8Sog3xC

Откриен нов генетски синдром што може да објасни илјадници случаи кај деца

Магазин | пред 2 седмици

media-libraryev4ngjq9pvm99r65Cc4

Фондот за здравство отвори постапка за нов директор

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања