Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Референтка се здружила со струмичанец и преку фалсификување на договор префрлиле имот спротивно на закон, вели МВР

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
dokumenti


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против К.Д. (55) од село Јосифово, поради основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, како и против З.М. (51) од Струмица, осомничен за кривично дело „измама“.

— реклама —

Според информациите од полицијата, второпријавениот З.М. во текот на 2022 година дал полномоштво на друго лице за продажба на негов недвижен имот, иако претходно имал дадено изјава дека истиот нема да го отуѓува, заложува или на кој било начин да го става на располагање без писмена согласност од ремитентот – кредитор.

— реклама —

По даденото полномоштво, овластеното лице склучило договор за продажба на недвижниот имот со таткото на З.М., а договорот бил потврден, односно солемнизиран кај нотар и електронски спроведен во надлежното Одделение за катастар на недвижности, со цел запишување на промената.

— реклама —

Дополнително, првопријавената К.Д., во својство на самостоен референт за геодетски работи, извршила промена во катастарската евиденција, при што спорната парцела била вратена на претходниот сопственик, односно на второпријавениот З.М.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

puska

Вработени во ловечко друштво давале дозволи за лов на ловишта иако немале договор за концесија - поднесена кривична пријава

Македонија | пред 47 минути

puska

Бегал од полиција и од возилото фрлил ловечка пушка - полицијата ја пронајде и одзема

Македонија | пред 53 минути

petardi

Пред кафеана, на импровизирана тезга продавал пиротехника

Македонија | пред 55 минути

media-libraryartn7f7j3a3d1yGcnDo

57-годишен маж се заканувал на градоначалникот на Кичево

Македонија | пред 59 минути

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања