Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Рекордни казни за загадувачите во Скопје: до 53.000 евра за два месеца

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Скопје
aerodrom-vardariste

Интензивните инспекциски контроли што ги спроведува Град Скопје во зимскиот период резултирале со високи парични казни за загадување на животната средина. Во периодот од 6 ноември до 1 јануари, изречени се глоби во износ од 1.000 до 53.000 евра, соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

— реклама —

Според податоците што ги објави тој, инспекциските служби во овој период издале 90 прекршочни платни налози и глоби, донеле 33 решенија за задолжување, спровеле 35 вонредни надзори и упатиле 290 опомени. Контролите биле насочени кон индустриски капацитети, градилишта и критични локации низ градот.

— реклама —

Посебен фокус бил ставен на подрачјата околу поранешните фабрики ОХИС и Стаклара, како и на територијата на општина Сарај, каде што инспекторите за животна средина извршиле над 45 вонредни проверки на правни субјекти. Одговорни лица во компании биле казнувани со по 3.000 евра, додека физички лица затекнати при палење или неправилно одлагање отпад добиле глоби од 250 до 500 евра.

— реклама —

Паралелно, биле извршени и контроли во делот на патниот сообраќај и градежните активности. Инспекцијата за патишта и сообраќај извршила надзори на девет градилишта, при што за седум бил издаден налог за воведување времен режим на сообраќај. На едно градилиште е изречена глоба од 3.000 евра за правното лице и 900 евра за одговорното лице.

Комуналната инспекција, пак, спровела 240 контроли на градилишта низ Скопје. На 25 објекти им биле изречени опомени, а на 11 глоби од по 1.300 евра. Комуналните редари, преку редовни обиколки на јавните површини и плоштадите, изрекле повеќе од 60 дополнителни казни.

Ѓорѓиевски информира и дека во буџетот за 2026 година за заштита на животната средина се планирани 64 милиони денари, што е речиси тројно повеќе во споредба со 24 милиони денари обезбедени за оваа намена во 2025 година. Според него, зголемувањето на средствата е показател за засилен пристап кон борбата против загадувањето и заштитата на здравјето на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8m0naa6v0eud6XfH2h2

Јубилеј во Драчево: 55 години образование во ООУ „Кузман Шапкарев“

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryjbq16a5c83340onl1S7

Нови спортски содржини на кејот на Вардар: реконструирани терени и фитнес-зони на отворено

Скопје | пред 3 седмици

media-librarynp8j9mia7dps0VqfVKA

(Видео) Сообраќаен колапс во Скопје – возачи чекаат по 30 минути за да се поместат од место

Скопје | пред 1 месец

media-library60s2rbsetk9bfFSYMGj

Подземна со шест ленти и нови кружни текови во центарот на Скопје

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања