Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Русите објавија: Го подготвуваме ракетниот систем „Сармат“ за борбена готовност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2024-11-27-125138

Во тек е процесот за воведување на најновиот ракетен систем „Сармат“ во борбена готовност, изјави командантот на стратешките ракетни сили на Русија, генерал-полковник Сергеј Каракаев.

— реклама —

„Од денеска во Стратешките ракетни сили се воведени системи од петта генерација Јарс и Авангард. Работите на воведување на најновиот систем „Сармат“, опремен со супертешка ракета на течно гориво, во борбена готовност продолжуваат“, истакна Каракаев во напис за истражувачко-методолошкиот магазин на Министерството за одбрана на Русија.

— реклама —

РС-28 Сармат е интерконтинентална балистичка ракета (ИЦБМ) развиена од Русија за да го замени советскиот Р-36М, познат по ознаката во НАТО - Сатана. Тој назив потекнува од можностите на стариот систем, а новиот Сармат, кој често се нарекува Сатана 2, дополнително ги проширува тие способности. Ракетата има дострел до 18.000 километри и способност да носи до 10 тешки или 15 полесни боеви глави, вклучувајќи ги и хиперсоничните клизни системи „Авангард“, се наведува.

— реклама —

Рускиот претседател Владимир Путин го претстави „Сармат“ како едно од клучните стратешки оружја за време на говорот на 1 март 2018 година, нагласувајќи ја неговата способност да ги заобиколи противракетните системи и да напаѓа цели насекаде во светот.

„Сармат“ е дизајниран да се лансира од подземни силоси, што обезбедува дополнителна заштита и можност за брз одговор во случај на криза. Тоа е еден од најнапредните ракетни системи во рускиот арсенал.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

lavrov-

Лавров: Во тек е разорување на светскиот поредок

Свет | пред 1 час

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Русија: Нема нафта за земји што го поддржуваат ограничувањето на цената

Свет | пред 10 часа

kremlj

Кремљ: Нема да стоиме на страна додека Куба страда

Свет | пред 1 ден

peskov-putin1

Кремљ: Србија е „пријателска и братска земја“, испораките на гас продолжуваат

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања