Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

САД го нападна Иран заедно со Израел

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library9arb689eolvd77EsFTi

Израел започна „превентивна операција“ против Иран, соопшти министерот за одбрана Израел Кац, а во земјата е прогласена вонредна состојба поради очекувана иранска одмазда со дронови и балистички проектили. Во Техеран се слушнале најмалку три експлозии, без официјални информации за жртви или штета. Според The New York Times, САД и Израел заеднички нападнале цели во Иран, без американска потврда. Трамп изјави дека операцијата има цел да го спречи обновувањето на иранскиот нуклеарен програм и развојот на проектили. Тензиите ја зголемуваат загриженоста за стабилноста и глобалната безбедност.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Израел утринава покрена, како што ја нарече, „превентивна операција“ против Иран, изјави израелскиот министер за одбрана Израел Кац, додека во целата земја е прогласена вонредна состојба поради очекувана иранска одмазда со беспилотни летала и балистички проектили.

Израелската влада соопшти дека одлуката за воведување вонредна состојба е донесена како превентивна мерка, во услови на зголемени безбедносни закани и можност од директен одговор од Техеран.

— реклама —

Во главниот град на Иран, Техеран, утринава се слушнале најмалку три експлозии, јавуваат ирански медиуми. Засега нема официјални информации за евентуални жртви или материјална штета.

Според информациите што ги објави The New York Times, САД и Израел заеднички извеле напади врз цели во Иран. Официјална потврда од американските власти за обемот и карактерот на операцијата засега нема, но ситуацијата предизвика сериозна загриженост во меѓународната јавност.

— реклама —

Во видеообраќање, американскиот претседател Donald Trump изјави дека Иран се обидувал да го обнови својот нуклеарен програм и да продолжи со развој на далекусежни проектили кои, според него, можат да ги загрозат европските сојузници на САД, американските сили распоредени во странство, па дури и американската територија.

Трамп нагласи дека САД спроведуваат „масивна операција“ со цел да ја спречат, како што ја опиша, „радикалната диктатура“ да ѝ се заканува на Америка.

Ескалацијата на тензиите меѓу Израел и Иран отвора сериозни прашања за стабилноста на Блискиот Исток и можните последици по глобалната безбедност, во услови кога меѓународната заедница повикува на воздржаност и дипломатско решение.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarypsr4cv6bes5ieZz6JSR

Пакистан и САД разговараат за нова рунда преговори меѓу Иран и Америка

Свет | пред 1 час

— реклама —
media-libraryauk52e2nvaoi6s7zbhP

Пакистан се залага за траен договор меѓу САД и Иран

Свет | пред 22 часа

media-libraryif1oq0r658kfdHOMwCP

Речиси милијарда долари иранска нафта ја заобиколила американската блокада

Свет | пред 1 ден

media-libraryotp04iork40b92aI4vG

САД трошат алармантно брзо ракети: Украина загрижена за одбраната

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања