Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Савевски работи по нарачка на Мицкоски, го спасува криминалниот имот на ВМРО- ОКГ, вели Димитријевиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

СДСМ обвини дека новиот јавен обвинител постапува по насоки на премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека на тој начин се врши директен упад во независноста на правосудниот систем.

— реклама —

Генералниот секретар на партијата, Александар Димитријевиќ, на прес-конференција изјави дека, според нив, обвинителот работи „по нарачка“, со што, како што рече, се штити имот поврзан со ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Како што и претпоставувавме, Мицкоски лаже кога вели дека не го познава обвинителот и дека биографијата била пресудна. Мицкоски на телевизија разрешува обвинители, поставува свои советници за судии, а потоа од говорница му задава задачи на обвинителот“, рече Димитријевиќ.

— реклама —

Тој посочи дека постапувањето на обвинителството во предмети поврзани со поранешни функционери и случаи како „Талир 1“ и „Талир 2“, според СДСМ, претставува обид за спас на, како што велат, „нелегално стекнат имот“.

„Ова е чекор кон спас на криминалниот имот на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Димитријевиќ.

Во обраќањето, тој додаде дека нема одговор од обвинителството за наводите што, како што рече, ги објавил антикорупцискиот тим на СДСМ, поврзани со тендери и јавни набавки.

„161 тендер за една фирма, десетици за други, милионски суми за фирми со мал број вработени – за ова сè уште нема одговор“, рече Димитријевиќ, додавајќи дека партијата ќе продолжи да инсистира на одговорност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library09djk609bi6l5zI0nyE

Гувернерот Славески доби кривична пријава за несовесно работење

Македонија | пред 1 час

media-library4qm31b5r4falfNrLvzI

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ фатени во бизнис со Дака, следува дефокус

Македонија | пред 2 часа

kupi-leb-naslovna_majkatiitatkoti

СДСМ: Колку треба да поскапи лебот за Владата да реагира?

Македонија | пред 4 часа

market-pari

СДСМ: Владата на Мицкоски ги остави граѓаните со празни џебови и фрижидери

Македонија | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања