Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ фатени во бизнис со Дака, следува дефокус

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-library4qm31b5r4falfNrLvzI

СДСМ тврди дека ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја дефокусира јавноста откако нивниот антикорупциски тим открил наводни врски меѓу власта и компании поврзани со Миодраг Давидовиќ – Дака, кој е на црната листа на САД. Според СДСМ, фирмата „Хронос сум“ била вклучена во планот за изградба на енергетски објекти за 2026, па власта прво дала дозвола, а потоа најавила исклучување. Тие зборуваат за модел на перење пари и бараат Обвинителството да ги испита наводите и потеклото на капиталот.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го дефокусира вниманието на јавноста откако, како што велат, биле „фатени на дело“ во наводни бизнис-релации со контроверзниот бизнисмен Миодраг Давидовиќ – Дака, кој се наоѓа на црната листа на САД.

— реклама —

Од партијата тврдат дека нивниот антикорупциски тим открил поврзаност меѓу власта и компании поврзани со Давидовиќ, по што, според нив, следувале „спинови и префрлање на темата кон опозицијата“.

— реклама —

„Наместо одговор – дефокус. ВМРО вели фирмата на Дака ги исполнила сите услови, а потоа најавува дека ќе ја исклучи. Тоа значи дека прво дале дозвола, па кога биле фатени – се повлекуваат“, наведуваат од СДСМ.

— реклама —

Според нив, компанијата „Хронос сум“, поврзана со Давидовиќ, била вклучена во Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 година.

„Значи Дака работи со ВМРО, а тие се обидуваат темата да ја префрлат како СДСМ да е на власт. Овој дефокус нема да помине“, велат од партијата.

СДСМ обвинува дека зад случајот стои „модел на перење пари, офшор мрежи и сомнителен капитал“, додавајќи дека власта, која претходно го критикувала Давидовиќ, сега му овозможува влез во енергетскиот сектор.

Во соопштението се посочува и дека, додека граѓаните се соочуваат со високи цени на електричната енергија, државната енергетска компанија бележи загуби, а паралелно се договараат, како што велат, „бизниси со сомнителни партнери“.

СДСМ побара Јавното обвинителство да отвори предмет и да ги испита наводите, вклучително и потеклото на капиталот.

„Нема бегање. Одговорност мора да има“, порачуваат од партијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library09djk609bi6l5zI0nyE

Гувернерот Славески доби кривична пријава за несовесно работење

Македонија | пред 1 час

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

Савевски работи по нарачка на Мицкоски, го спасува криминалниот имот на ВМРО- ОКГ, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 1 час

kupi-leb-naslovna_majkatiitatkoti

СДСМ: Колку треба да поскапи лебот за Владата да реагира?

Македонија | пред 4 часа

market-pari

СДСМ: Владата на Мицкоски ги остави граѓаните со празни џебови и фрижидери

Македонија | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања