Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДС е петта партија во Скопје – граѓаните ја избраа промената, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
media-librarylb4grqvav3s821jfNql

ВМРО-ДПМНЕ оцени дека резултатите од првиот круг на локалните избори во Скопје претставуваат „убедлива победа и јасна порака за промени“.

— реклама —

Според партијата, кандидатот за градоначалник Орце Ѓорѓиевски освоил 91.663 гласа, со што, како што велат, „граѓаните го заокружија бројот 9 и избраа работа, а не флоскули“.

— реклама —

„Оваа бројка е доказ дека скопјани сакаат проекти и резултати. Нашиот директен опонент, СДС, освои 26.737 гласови, со што нивната кандидатка Каја Шукова е дури четврти избор на граѓаните во главниот град“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Во Советот на Град Скопје, партијата исто така прогласува апсолутна победа со 81.735 гласа и 18 советници, додека СДСМ, според нив, освоила само 5 советници и 24.612 гласа, со што станува петта политичка сила во Скопје.

Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат и на победите во повеќе скопски општини:

  • во Кисела Вода – разлика од над 10.000 гласа,

  • во Бутел – околу 7.500 гласа,

  • во Гази Баба – над 10.000,

  • во Ѓорче Петров – околу 7.500,

  • во Карпош – 6.500,

  • во Аеродром – 9.500 гласа,

  • а во Шуто Оризари, победа со 1.400 гласа разлика.

„ВМРО-ДПМНЕ ги слуша граѓаните и ги реализира нивните барања. На овие избори имаме програма која ќе ја спроведеме во сите скопски општини и во градот Скопје. Ние ветуваме работа и дела – наспроти криминалот и неспособноста на СДС“, порачуваат од партијата, повикувајќи на единство и поддршка во вториот круг на 2 ноември, „за вистинскиот избор и бројот 9“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

15102021_PVRSM_Zaev_poseta_TEC_Oslomej-3

СДСМ: „Лудилото нема крај – Заев работи за ВМРО?“

Македонија | пред 59 минути

media-libraryg9188ctes36g6QyiB6H

ВМРО-ДПМНЕ: Послушноста на Филипче кон Заев и фалименто соопштенијата на ПР-от на Башановиќ, го донесоа СДС до историски најслабиот рејтинг

Македонија | пред 3 часа

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 22 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања